Дали смеам да се тетовирам ако имам дијабетес?

5_15-730x430

Тетоважите се многу популарни, а ако некогаш сте се запрашале дали луѓето со дијабетес смеат да си дозволат ваков вид украсување на телото, одговорот е – да! Се разбира, луѓето со дијабетес смеат да се тетовираат и смеат да носат „пирс“, но со посебна претпазливост. Многу е важно нивото на шеќерот во крвта да е во граници на нормалата пред, за време и после тетовирањето.

 Затоа, доколку до сега сте сакале да направите тетоважа, но не сте го направиле тоа затоа што имате дијабетес, знајте дека можете да ја остварите вашата желба.

Влијанието на нивото на шеќер во крвта и тетоважите

Доколку нивото на шеќерот во крвта е високо, тетоважата или местото на пирсинг може да не заздрават правилно или брзо и како резултат на тоа, да добиете инфекција. Исто така, многу е битно и крвниот притисок да биде стабилен за да ги спречи овие проблеми. Најубаво е пред да се тетовирате да консултирате дополнително и лекар за потребните совети и насоки.

Самиот процес на тетовирање може да трае долго и зависно од местото каде се прави тетоважата, може да биде болен, што би резултирало со зголемување на нивото на шеќер во крвта. Доколку процесот на тетовирање трае подолго, се препорачува да го следите нивото на шеќер во крвта за време на тетовирањето. Најдобро е да носете храна и пијалок, во случај на хипогликемија за време на тетовирањето, и секако инсулин – за превенција на хипергликемија.

Избегнувајте одредени делови од телото

Доколку имате дијабетес, избегнувајте да ставате тетоважи и пирсинг на одредени делови на телото каде што постои ризик од слаба циркулација. Тука спаѓаат: потколениците, глуждовите и стапалата. Тетоважите и пирсовите на овие места обично подолго време зараснуваат и на тој начин постојат поголеми шанси за развој на инфекции.

Исто така, треба да избегнувате да правите тетоважи на места каде што обично инјектирате инсулин, како што се рацете, стомакот и бутовите, за да можете јасно да видите дали се развиваат инфекции на овие места. Доколку користите сензори за мерење на шеќер во крвта, избегнувајте да ги ставате на оние места каде имате тетоважи, бидејќи тоа може да влијае на резултатите од мерењата.

Од големо значење е студијата за тетовирање и пирсинг да имаат лиценца, да бидат обучени и да следат правилни, безбедни и хигиенски процедури. Изборот на безбедно и хигиенско студио за тетовирање е навистина важно. Нечистата опрема може да предизвика инфекции и други болести.

Грижете се за себе после тетовирањето или ставањето на пирсови

Многу е важно да го следите нивото на шеќер во крвта пред, за време и после тетовирањето или ставањето на пирс и да го одржувате местото чисто. На овој начин, раната ќе заздрави брзо и безбедно.

Ако добиете инфекција, нивото на шеќер во крвта може да се зголеми. Во случај на појава на инфекција, консултирајте го вашиот лекар и побарате совети за тоа што да направите.

Тетоважи со значење

Дали некогаш сте размислувале да направите тетоважа поврзана со дијабетесот? Оваа идеја постепено станува се повеќе популарна не само кај пациенти со дијабетес, туку и кај оние кои се борат да ја подигнат свеста за оваа состојба, како и кај оние кои сакаат да покажат солидарност за некој нивен близок што живее и се бори со оваа состојба.

AppleMark

Извор: https://www.diabetes.org.uk/guide-to-diabetes/young-adults/tattoos-piercings

Превод и адаптација: Тања Шатановска

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email
Категории

Betlabel blik kasyno Fast Payout https://casinos-blik.pl/ https://crypto-casinos.com.pl janusz casino no deposit bonus janusz kasyno kasyno depozyt 5 zł paypal kasyno depozyt 20 zł blik kasyno z paypal krypto kasyna mystake italia Online Payments paypal casino paypal kasyno vincispin Инсулински пенкала Ментално здравје вести деца психолошка подршка дружење физичка активнос дијабетес дијабетес тип 1 едукација искуства исхрана новитети психолошка поддршка спорт тип 1 тип 2