Проекти и иницијативи
Базична едукација за дијабетес
Партнери во проектот: 1. Локална самоуправа на опш. Кисела Вода
2. Ново Нордиск Фарма
3. Рош Македонија
4. Адриамед ДОО Скопје
Период на спроведување: 07.02 – 19.04.2018
Целна група: На подрачјето на општина Кисела Вода работат две Јавни установи –детски градинки („Осми Март“ и “Весели Цветови“) во вкупно 13 објекти. Исто така, според актуелните состојби, во овие објекти се вработени приближно двесте вработени како дел од персоналот за згрижување на деца (негователки и воспитувачки).
Целна група: Воспитно – згрижувачкиот персонал, 214 учител(к)и и негувател(к)и во градинките на територија на општина Кисела Вода (ЈДГ Осми Март и ЈДГ Весели Цветови со вкупно 13 клонови).
Опис на активноста: Иако согласно постоечките законски прописи градинките се обврзани за поквалитетна здравствен превенција и заштита на децата, сегашните прилики говорат за базичен недостаток на медицински персонал. Од друга страна нема податоци за медицинската обука и едукација кај згрижувачко-воспитниот кадар, особено по однос на третманот кај децата со посебни здравствени потреби како што е во предметниот случај – Дијабетесот. Во отсуство на официјални податоци (државата за сега не располага со Регистар на лица со дијабетес), а земајќи ја во предвид инциденцата, а според базата на податоци на Баланс МК, во општина Кисела Вода се воспитуваат и учат 20 деца на возраст од 0-15 години страрост со дијабетес тип 1.
По спроведениот анкетен прашалник во месец јануари 2018 година од страна на Баланс МК меѓу вработените во посочените градинки, а во кои тогаш престојуваа две деца со дијабетес тип 1 (целосно инсулинозависен), информираноста и познавањето за Дијабетесот, како и за правилата, процедурите, и другите информации важни за третманот на посочената здравствена состојба, кај вработените беше на мошне ниско, незадоволително ниво. Сознанијата базирани преку прашалникот а до кој дојде „Асоцијацијата за детски дијабет на Македонија – Баланс МК“, говорат дека секој десетти вработен има одредени елементарни познавања за тоа што е дијабетес тип 1, но бројот на оние кои се запознаени со начинот на кој може да се контролира болеста и мерките кои треба да се превземаат во секојдневната грижа со цел да се избегнат здравствени компликации, ПОСЕБНО КАЈ ДЕЦАТА ВО РАСТ И РАЗВОЈ, е многу помал.
Бидејќи клучна улога во унапредувањето на состојбите имаат локалната и централната власт односно локалната самоуправа и ресорното министерство, Баланс Мк преку Локалната самоуправа на општината и ресорното министерствo, односно преку Клиника за ендокринологија постигна спогодба за спроведување на проект преку едукативни работилници, насловен како Базична едукација за дијабетес, а се со цел унапредување на состојбите и овозможување на нивна одржливост и зголемување на инклузијата на различни интересни групи на граѓани – во случајов деца со дијабетес тип 1.
По одредените индикатори на проектот: две јавни детски градинки со 13 клонови – одделни објекти, во кои работат вкупно 214 вработени лица во воспитно-згижувачкиот дел, односно во директна целодневна комуникација со децата, во договор со управните органи, прво од Локалната самоуправа, а потоа на градиниките – директорите, беше договорено да се спроведат осум работилници во времетрање од по 1ч. и 30 мин. секоја во најфреквентните осум клонови од градинките.
Концептот на самата едукација беше осмислен како интерактивно предавање во коешто првиот или воведен дел беше отстапен на информирање односно презентирање на основни, базични и важни податоци. Додека, пак, вториот дел беше практично-показен дел во којшто преку примери се аплицираа претходно презентираните информации.
Истовремено се целеше кон активна партиципација на присутните во самиот процес на едукација. Дел од информациите беа пласирани како пауер поинт презентации со користење на технички помагала, а дополнително, по завршувањето на самите едукации се поделија во секој од објектите во градинките т.н. потсетници – брошури со основни информации за дијабетесот и итните ситуации, а и како да се постапува по нив (хипогликемија – ниско ниво на шеќер во крвта кое води кон кома и хипергликемија – покачено ниво на шеќер во крвта). За потребите на градиниките, здружението преку донација обезбеди глукомери (апарати за мерење крвен шеќер).
Постигнат резултат: Со учеството на згрижувачко-воспитниот персонал во овој вид на основна едукација се подигнa степенот на информативното познавање на персоналот за дијабетесот како состојба и нејзината базична контрола. Работилниците имаа едукативно-информативен и практичен карактер од областа на дијабетесот кај деца – дијабетес тип1, згрижени во предшколските установи.
Преку базичното теоретско и практично предавање (мерење гликемии – ниво на шеќер во крвта и аплицирање инсулин), се постигна примарната цел: поквалитетно згрижување на децата со дијабетес во овие воспитно-образовни институции.
Беа одржани вкупно осум (8) работилници во двете градинки при што беа опфатени 154 воспитувачки и негувателки од овие установи.
Истовремено, суштинско очекување е практична примена на стекнатите знаења, односно соодветна и квалитетна грижа кон децата со дијабетес сообразно на нивната здравствена состојба.
Интенција е сите воспитувачи и негувателки да ја минат едукацијата, а презентираните содржини да станат практика во натамошното работење на градинките во Република Северна Македонија како незаобиколен стандард во нивното функционирање и прифаќање на различни интересни групи.
Едукациите во траење од по час и половина ги изведуваа:
Татјана Ѓоргоски – Дип. Мед. сестра и едукатор на Вишата школа за Медицина – Скопје, (главна сестра при Клиниката за ендокринологија во склоп на Комплексот клиники “Мајка Тереза“ – Скопје), Цвете Серафимоски член на Баланс МК – лице со дијабетес тип 1 и член на председателството на Сојузот на здруженија за дијабетес на Република Северна Македонија, и Наташа Деспостовска Димитриевска – претседател на Баланс МК.
Пред почетокот на проектот беше одржана и заедничка прес – конференција на Асоцијацијата за детски дијабетес Баланс Мк и Градоначалникот на општина Кисела Вода, кога беше потпишан и Меморандум за соработка, а со што се јакне општествената одговорност и расте свеста за зголемување на инклузијата на различни интересни групи на граѓани – деца и лица со дијабетес т1.
Едукативен караван за броење јаглехидрати во исхраната на лица со дијабетес
Партнери во проектот: 1. Сојуз на здруженија на лица со дијабетес на Македонија
Период на спроведување: 17.01. – 24.12. 2018 година, Македонија
Целна група: Лица со дијабетес од цела Македонија
Опис на активноста: Се спроведоа десет едукативни работилници во десет градовни низ Македонија, кои се однесуваа на исхраната на лицата со дијабетес со особен осврт на јаглехидратниот состав на храната кој е од исклучителна важност при оваа состојба и нејзината контрола и самоконтрола. На работилниците беше спроведен анкетен лист за самоконтрола и исхрана, за едуцираност на лицата со дијабетес за нивната состојба, чии резултати беа повод за барање на здружението насочено кон Министерството за здравство за отворање на Едукативни центри за дијабетес низ државата.
Едукатор беше стручно медицинско лице од Клиниката за ендокринологија мед. сестра Татјана Ѓорговски. За оваа намена, Баланс МК издаде и брошура во 1000 примероци која беше рецензирана од Проф. Д-р Татјана Миленковиќ, претседател на Научното здружение на ендокринолози на Македонија. Брошурата на барање на лицата со дијабетес, во одреден тираж се испечати повторно.
Постигнат резултат: Едуцирани 460 лица со дијабетес. Во фаза на отварање, а на барање на здружението е и Едукативнен центар за дијабетес на Детската клиника во Скопје.
Асоцијацијата за дијабетес на Македонија – Баланс Мк, активно соработува со Министерството за здравство на Република Северна Македонија
Асоцијацијата за дијабетес на Македонија – Баланс Мк, активно соработува со Министерството за здравство на Република Северна Македонија во смисла на креирање на здравствената политика во третманот на лицата со дијабетес и особено на децата со дијабетес тип 1.
Заедно со Националната Комисија за Дијабетес и Министерството за здравство учествувавме во креирањето на тендерската спецификација на Програмата за набавка на инсулини, ленти за мерење гликемии, игли, пумпи и др. Мед. Помагала во 2018 година.
На барање на Комисијата за здравство при Собрание, Баланс Мк активно учествуваше на Јавната Дебата за промени на Законот за лекови и медицински помагала, во делот на паралелниот увоз на лекови т.е. инсулини, за кој што здружението поднесе и коментари кои здравствените власти сериозно ги разгледаа и имплементираа во Законот, во делот за паралелен увоз.