За Баланс

Нашата приказна

За Баланс

 Асоцијација за детски дијабетес на Македонија е едно од најстарите граѓанско-пациентски здруженија во Република Северна Македонија основано пред две децении, во 2002 година. Наш примарен интерес е грижата и заштитата на децата со дијабетес тип 1, но и на останатите лица со дијабетес тип 1, и тоа не само од аспектот на дијабетесот како животоздравствена состојба, туку и од аспект на социјалниот, воспитно-згрижувачкиот и образовен статус на децата со дијабетес тип 1 во текот на нивниот раст и развој.

zooloska

Мисија

misija

Мисијата на асоцијацијата е: 

• обезбедување на квалитетен живот за децата и лицата со дијабетес тип 1 во нашата држава; 

• олеснета и квалитетна контрола и следење на состојбата од страна на родителите на деца со дијабетес, проследено со континуирана поддршка, едукација и информирање од областа на дијабетесот тип 1; 

• подигање на јавната свест и интензивирање на институционалниот ангажман, примарно во делот на квалитетна здравствена услуга и квалитетна и современа здравствена едукација ;

• поддршка на сите лица со дијабетес тип 1 за општествено етаблирање, особено во делот на образованието и згрижувањето на децата со дијабетес тип 1

Организираност и функционирање

БАЛАНС МК е национална организација, и таа во моментов преку родителите – членови на здружението, репрезентира околу 600 деца со дијабетес тип 1 и уште околу 4.500 возрасни лица со Т1 дијабетес во Македонија. Органи на БАЛАНС МК – Асоцијација за детски дијабетес на Македонија – Скопје се: Собрание, Претседател и Управен одбор. Собранието е највисок орган на Асоцијацијата и го сочинуваат сите полнолетни членови. Собранието избира Претседател со мандат од 4 години со право на повторен избор. Претседателот ја застапува и претставува Асоцијација

natasa

Наташа Деспотовска Димитриевска претседател

мед. сестра и сертифициран дијабетес едукатор, родител на дете со дијабетес т1

Управен одбор

Управниот одбор на БАЛАНС МК – Асоцијација за детски дијабетес на Македонија, е извршен орган на Собранието во кој секој член има еднакви права, обврски и одговорности за работењето и развој на здружението во согласност со постоечкиот Статут на здружението.

sonja

Соња Стамевска

Дипломиран Професор по филозофија, родител на дете со дијабетес т1

jovce

Jовче Цветков

Родител на дете со дијабетес т1

cvete

Цвете Серафимоски

Диплoмиран Економист - лице со дијабетес т1

Членство во Баланс МК

 

Член на БАЛАНС МК – Асоцијација за детски дијабет на Македонија, Скопје може да биде секој полнолетен граѓанин, државјанин на Македонија, кој доброволно ќе пристапи кон Здружението со давање на писмена изјава. На веб-страницата https://balansmk.wordpress.com/ можете да најдете подетални информации за Асоцијацијата и пристапница за членство.

Баланс МК Фејсбук група

Баланс МК е особено активен преку својата фејсбук група, каде што активно партиципираат преку 1.500 родители на деца со Т1 дијабетес и лица со Т1 дијабетес и преку фан страната со над 5.000 следачи.

Истовремено, преку локалните здруженија за дијабетес низ
Македонија вкупно 25 на број, а сите обединети во Сојузот на
здруженија на дијабетичари на Македонија, остваруваме активна соработка и комуникација.

Баланс Мк – Асоцијација за детски дијабетес на Македонија на дневна основа активно соработува со Везире Старова, магистер по нутриционизам и сертифициран дијабетес едукатор, која е главен уредник на форумот http://forumdiabetes-mk.com/, каде можете да најдете информации поврзани со исхраната, нутритивната
вредност на храната, но и новости од светот на дијабетесот во смисла на технологии, терапии, споделени искуства.

asocijacijabalansmk

vezire

Везире Старова

Магистер по нутриционизам и сертифициран дијабетес едукатор, родител на дете со дијабетес т1.