Исхрана

nutrition

Животот на лицата со дијабетес е малку поинаков од обично, така што мора да бидат попретпазливи и да внимаваат што и колку јадат.

Сите блог објави за исхрана

Препораки за исхрана на дијабетичари

Целта на исхраната е да се одржува нивото на шеќер во крвта во нормални граници, а тоа се постигнува со поголем внес на храна со низок до среден гликемичен индекс, избегнување на храна со висок гликемичен индекс и многу јаглехидрати. Со правилно комбинирање на храната и внес на дозволени количини од одредени намирници, лицата со дијабетес можат да вклучат многу разновидни производи во својата исхрана.

Продукти кои треба да се избегнуваат: слатки, бели печива, масни бели печива, зашеќерени овошја и житарки, компири (кога консумирате компири треба да ги комбинирате со храна со низок гликемичен индекс), масни млечни производи, сокови со шеќер, масно пржено месо, хидрогенизирани растителни масла, масни сосови, сланина, колбаси, салама.

Продукти кои е добро да се консумираат: интегрални житарки, леб од цело зрно житарица, темно зелен листест зеленчук и сите останати зеленчуци, свежо овошје (поголеми количини од овошјето со помалку шеќери, а помали количини од овошјето со повеќе шеќери) млечни производи со намалена масленост, мешунки, посно месо и јајца, нехидрогенизирани растителни масла, маслиново масло, авокадо, итн.

Предлог мени за лице со дијабетес

Појадок: 1 парче овошје, па потоа 1-2 парчиња интегрален леб од цело зрно житарка, со намаз од авокадо, сончоглед, наут (или некој друг здрав намаз по ваша желба).

Ручек: леќа, грав (или друга мешунка), со 1-2 парче интегрален леб од цело зрно житарка/или пак риба или посно живинско месо и повторно сезонска салата по ваш избор, со малку масло и сол.

Вечера: интегрален ориз со зеленчук и со салата, или интегрален ориз со 1 парче овошје.

Освен трите главни оброци потребни ви се и 2-3 ужинки кои најчесто се составени од 1-2 парчиња овошје или чаша јогурт.

Растојанието помеѓу оброците треба да биде од 2,5 до 3 часа за да не дојде до хипогликемија.

Од разните типови на овошја предност имаат: кајсии, јагоди, грејпфрут, портокал, круша, лубеница и јаболко, додека смоквите, урмите и сувите овошја поради поголемата концентрација на шеќери теба да се внесуваат поретко и во помали количини.