Центар за менаџирање на дебелина: приоритет за пациентите со дијабетес

0-02-05-83ee52b4630b9a338a204a8ce49fc15cabec1cc7eae54c16e854c39da781fde5_7a3f8002dcae9882

Отворањето на првиот Центар за менаџирање на дебелината во склопот на ЈЗУ ГОБ „8 СЕПТЕМВРИ“ во Скопје, бездруго ќе претставува уште еден позитивен исчекор не само како дополнителна а, нужна медицинско-здравствена услуга, туку и во еден поширок и научен контекст – можност за стручно соочување со еден од, навидум така да речеме “бенигните“, а во суштина крајно опасни предизвици по човечкото здравје – прекумерната тежина.

Тема која што особено последниве неколку децении и на национално но и на глобално ниво е детектирана како проблем со мноштво здравствени реперкусии, преокупирајќи ја теоретски и практично медицинската наука.  

“Намалување на телесната тежина од пет до десет проценти ќе овозможи да се регулираат метаболните параметри на пациентот, додека, пак, намалување на телесната тежина повеќе од петнаесет проценти ќе доведе до ремисија на дијабетесот. Исто така, овие пациенти во иднина ќе имаат помалку потреба од воведувањето на инсулинската терапија“, вели за “Инсулинска Порта” ендокринологот доцент д-р Танер Хасан, раководител на интерните одделенија при ГОБ “8-ми Септември“.

“Следејќи ги актуелните трендови во здравствената пракса во сите водичи на светските и европските здруженија за дијабетес и дебелина, силно се препорачува анти-дијабетичната терапија кај ваквите пациенти да биде фокусирана на намалувањето на индексот на телесната маса.

Всушност, дебелината подолго време се прифаќа како хронична, прогресивна и повторувачка болест која зазема пандемски размери. Дебелината,  како болест, што патем речено во МКБ класификацијата се означува со шифрата “E66”,  неспорно го скратува животниот век на луѓето. Таа е поврзана со прилично голем број здравствени компликации, а дијабетесот и кардиоваскуларните компликации, се едни од најчестите коишто директно се поврзани со дебелината. Речиси 60% од пациентите со дебелина имаат дијабетес тип 2. И тој кај овој тип пациенти за жал тешко се регулира и многу побрзо се појавуваат целни органски нарушувања. Инсулинската резистенција, воспалителниот процес на масното ткиво и нарушениот метаболизам на јаглехидрати и масти кај овие пациенти, претставуваат главни бариери во успешното лекување на дијабетесот. И токму заради тоа дебелината треба благовремено да се примети од страна на лекарите и брзо да се реагира. Секое задоцнување или занемарување на болеста штетно ќе делува врз општата здравствена состојба на пациентот.” – објаснува д-р Танер Хасан.

Според д-р Хасан во Центарот за менаџирање на дебелината ќе можат да се прегледаат сите пациенти со дебелина, без разлика дали имаат дијабетес или не, односно ќе биде овозможена здравствена услуга за сите граѓани кои ќе добијат упат од своите матични лекари. Дополнително ќе се отвораат регуларни термини од “МојТермин“, до Центарот за дебелината за коишто ќе имаат пристап сите матични доктори.

Но, секако приоритет ќе имаат пациентите со дијабетес. Генерално во Центарот пациентите со дијабетес ќе имаат можност да добијат едукација за исхрана, препораки за намалување на телесната тежина и доколку имаат потреба од фармаколошка терапија, да добијат препораки и во таа насока.

Инаку, Центарот ќе биде афилиран меѓу центрите за менаџирање на обезноста кои се субсегмент на Европското здружение за обезноста – EASO.  Заедно со Научното здружение за дебелината-ОБЕМ, во иднина се планира да се организираат заеднички едукативни и научни собири со што ќе се овозможи да се подигна свеста за дебелината кај населението како хронична болест. 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email
Категории

Betlabel blik kasyno Fast Payout https://casinos-blik.pl/ https://crypto-casinos.com.pl janusz casino no deposit bonus janusz kasyno kasyno depozyt 5 zł paypal kasyno depozyt 20 zł blik kasyno z paypal krypto kasyna mystake italia Online Payments paypal casino paypal kasyno vincispin Инсулински пенкала Ментално здравје вести деца психолошка подршка дружење физичка активнос дијабетес дијабетес тип 1 едукација искуства исхрана новитети психолошка поддршка спорт тип 1 тип 2