Секој трет човек со дијабетес има дијабетична ретинопатија, што ја прави една од најчестите компликации кај дијабетесот.
Дијабетичната ретинопатија може да се спречи ако се открие навремнено. Напредокот во медицинските технологии и развојот на вештачката интелигенција, кои се користат за скенирање на очното дно им овозможи на повеќе луѓе со дијабетес да ја откријат дијабетична ретинопатија навреме.
На 83-тата научна сесија организирана од ADA (American Diabetes Association) во јуни тековнава година во Сан Диего, речиси најмногу се зборуваше за најновите достигнувања во областа на лекување на дијабетичната ретинопатија, почнувајќи од новите случувања и развојот на AT (artificial intelligence) за скрининг и третман, па се до дискуси за тоа дали лековите кои се прва борбена линија кај дијабетес тип 2, Glucagon-like Peptide-1 (GLP-1) ја влошуваат оваа состојбата.
Како вештачката интелигенција помага во откривање на проблеми со очите?
Традиционалниот пристап кон скрининг на дијабетична ретинопатија вклучува рачна интерпретација на сликите од ретина од страна на офталмолог. Но, поради недостиг на очни лекари наспрема зголемениот број на лица со дијабетес, итно е потребно подостапно решение.
Eyenuk, пионерска компанија во развојот на медицинска вештачка интелигенција, неодамна доби одобрение од FDA за иновативна технологија која ги анализира сликите на задниот сегмент на окото и веднаш открива дали постои некаква форма на дијабетична ретинопатија.
Со интеграција на технологијата за вештачка интелигенција, давателите на здравствени услуги можат да снимаат ретинални слики на нивните пациенти користејќи го она што се нарекува фундус-камера. Овие слики потоа безбедно се пренесуваат на платформата на Eyenuk базирана на облак, која бара знаци на дијабетична ретинопатија. За оние кои живеат во рурални области со ограничен пристап до офталмолозите, оваа технологија драматично го зголемува пристапот до прегледи на очите.
Гаурав Агарвал, „главата“ на компанијата Eyenuk, изави дека нивниот производ засега, се издвојува од конкурентите, бидејќи е единствениот уред одобрен од FDA за откривање на умерени до тешки фази на дијабетична ретинопатија опасни по видот. Ова е исто така важна превентивна алатка бидејќи брзото откривање на проблемите со очите овозможува рана интервенција и подобри резултати во лекувањето.
Како (и дали) GLP-1 влијае на дијабетичната ретинопатија?
Освен напредокот во вештачката интелигенција, дел од панелистите на ADA – 83rd Scientific Sessions, како д-р Риса Волф, ендокринолог на Универзитетот Џон Хопкинс, разговараа и за улогата што може да ја имаат GLP-1 врз прогресијата на дијабетичната ретинопатија.
Клиничкото испитување SUSTAIN-6 откри зголемен ризик од компликации поврзани со ретинопатија од семаглутидот GLP-1 во споредба со плацебо, додека други, како што е студијата LEADER и студијата за дијабетес тип 2 AngioSafe, покажа дека земањето GLP-1 не е поврзано со развој или влошување на дијабетичната ретинопатија. Иако податоците се сè уште неубедливи, се чини дека GLP-1 може да доведе до привремено, краткорочно влошување на ретинопатија што се стабилизира со текот на времето.
„Моето верување е дека ќе видиме долгорочни придобивки наместо влошување“, изјави д-р Блејк Купер, кој работи во Retina Associates of Greater Kansas City. Тој посочи на уште една тековна клиничка студија – FOCUS, која ги истражува долгорочните ефекти на семаглутид врз дијабетична ретинопатија, а се очекува да заврши во 2027 година. Исто така истакна и дека сегашните податоци од претходните студии покажале дека користењето на семаглутид за една година не е поврзано со зголемен ризик од ретинопатија.
Извор: https://diatribe.org/how-ai-detecting-diabetic-retinopathy
Превод и адаптација: Тања Шатановска