Заврши годинешната Меѓународната конференција за напредни технологии и третмани на дијабетес

IMG-20240312-WA0037

Во периодот од 6-ти до 9-ти март во Фиренца, Италија пред светот беа претставени највисоките достигнувања и сознанија за третман на дијабетесот во рамки на Меѓународната конференција за напредни технологии и третмани на дијабетес (анг. The International Conference on Advanced Technologies and Treatments of Diabetes ATTD). За прв пат оваа Конференција беше одржана во далечната 2008 година и од тогаш со 16 годишна традиција до денес дава посебно светло на развојот на помагалата и иновативните третмани на дијабетесот.

Целта на оваа конференција е да се истакнат иновативните технологии и третмани во управувањето со дијабетесот. Овој настан ги обединува истражувачите и развивачите на нови технологии со професионалците, индустриите, стартап компаниите, инвеститорите, како и лицата со дијабетес од цел свет.

Главните теми дискутирани на овогодинешната четиридневна конференција беа системите за поддршка на одлуки и советување, системи за поддршка на одлуки базирани на опсежни податоци и вештачка интелигенција, „вештачки панкреас“ односно негова примена, позитивни и негативни страни, развој и напредок на инсулинските пумпи, инванзивни и неинванзивни системи за следење на нивото на шеќер во крвта, нови инсулини и други лекови, иновативни системи за испорака на инсулин, уреди насочени кон превенција на дијабетес, придонесот на информатиката во служба на медицината, како и напредните медицински технологии применети во светски рамки. Меѓу најинтересните и најпривлечни дискусии се издвоија неколку: “Поголема сеопфатна метаболичка слика: Поврзување на сензорите за мониторнинг на глукоза со сензорите за кетони за откривање на рана дијабетична кетоацидоза – DKA”, “Од сон до реалност –  The Automated Insulin Delivery (AID) system”, “Од првиот успех на трансплантација на островчиња добиени од матични клетки кај човек до лек за сите пациенти со дијабетес: предизвици, барања и можни решенија”.

Посетителите и учесниците на конференцијата се професионалци од различни области на експертиза, вклучувајќи лекари – специјалисти од областа на ендокринологија и метаболни состојби, субспецијалисти за дијабетес, педијатри и лекари – специјалисти по семејна медицина, како и лица, професионалци во развојот на технологијата за дијабетес и иноватори.  Тие доаѓаат од целиот свет вклучително и истакнати учесници од Република Македонија, од академски установи до институциите од примарната здравствена заштита.

Со цел преточување на напорите за изнаоѓање решенија за третман на дијабетесот, организаторите на Меѓународната конференција за напредни технологии и третмани на дијабетес го основаа и Меѓународниот саем на нови технологии, на кој почетните компании кои се занимаваат со развој на технологии за третман на дијабетес можат да ги прикажат своите технолошки достигнувања, да ги промовираат и да го подобрат развојот на пронајдоци, како и да создадат пошироко поле и контакти за понатамошен развој на истите.

Какви иновативни можности за третман, терапија и менаџирање на дијабетесот ќе ни донесе посветеноста на професионалците во светски рамки, а што од тоа и кога ќе пристигне кај нас во Македонија останува отворено прашање кое ќе го проследиме во следниот долгогодишен период.

Очекувањата пак на директно засегнатите со состојбата – лицата со дијабетес, како во светот така и во нашата Македонија, остануваат секогаш огромни!

Подготвил: Душко Јанев

 

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email
Категории

Betlabel blik kasyno Fast Payout https://casinos-blik.pl/ https://crypto-casinos.com.pl janusz casino no deposit bonus janusz kasyno kasyno depozyt 5 zł paypal kasyno depozyt 20 zł blik kasyno z paypal krypto kasyna mystake italia Online Payments paypal casino paypal kasyno vincispin Инсулински пенкала Ментално здравје вести деца психолошка подршка дружење физичка активнос дијабетес дијабетес тип 1 едукација искуства исхрана новитети психолошка поддршка спорт тип 1 тип 2