Изложеноста на антибиотици во детството може да го зголеми ризикот од појава на ДМТ1

Untitled2

Изложеноста на антибиотици за време на клучниот развој – детството, може да го запре растот и развојот на клетките кои произведуваат инсулин во панкреасот и може да го зголеми ризикот од дијабетес подоцна во животот, сугерира новото истражување на лабараториски глувци. Студијата објавена пред два месеци во списанието Science, прецизно укажува на специфични микроорганизми кои можат да им помогнат на тие критични клетки да се размножуваат во раниот развој. Овие најнови наоди ја потенцираат важноста на човечкиот микробиом (бактерии и габи кои живеат на и во нас), во случајов кај доенчињата и децата во првите години од животот. Истражувањето може да доведе до нови пристапи за справување со мноштво метаболни болести.

„Се надеваме дека нашата студија ќе обезбеди поголема свест за тоа колку всушност е важен микробиомот кај доенчињата за обликување на развојот“, рече првиот автор на оваа студија Џенифер Хил, асистент професор по молекуларна, клеточна и развојна биологија на Институтот BioFrontiers на CU – University of Colorado at Boulder. „Истражувањата на ова поле, исто така, обезбедува нови, важни докази дека пристапите засновани на микроби еден ден би можеле да се користат не само да се превенира, туку и да се спречи развојот на дијабетес“.

Речиси 2.000.000 луѓе во САД живеат со дијабетес тип 1, неизлечива хронична болест, каде панкреасот не создава инсулин (хормонот кој ја претвора гликозата во енергија). Најчесто оваа состојба се појавува во детството, а генетиката игра голема улога. Но, научниците открија дека, иако идентичните близнаци споделуваат ДНК што ги предиспонира за развој на дијабетес тип 1, најчесто само еден близнак обично ја добива болеста.

„Ова укажува дека има нешто во нивното опкружување што ја менува нивната подложност“, рече Хил.

Со години, таа бара одговори од микробите. Претходните студии покажуваат дека децата кои се доени или родени вагинално, што може и да промовира здрав микробиом на доенчиња, имаат помала веројатност да развијат дијабетес тип 1 од другите. Некои истражувања, исто така, покажуваат дека рано давањето антибиотици на бебињата може ненамерно да ги замени добрите “бубачки” со лоши и да го зголеми ризикот од дијабетес. Постојано прашање: Кои микроби ги пропуштаат овие доенчиња?

„Нашата студија идентификува „критичен прозорец“ во раниот развој кога се неопходни специфични микроби за да се промовира развојот на клетките на панкреасот“, рече Хил.

Клучен временски прозорец на можности

Таа објасни дека бебињата се раѓаат со мала количина на бета-клетки на панкреасот, единствените клетки во телото кои произведуваат инсулин. Но, во одредено време, во првата година на раст и развој на бебето, се јавува пораст на бета-клетките и тоа се случува само тогаш – еднаш во животот.

„Ако од која било причина, не дојдеме до овој момент на пораст и пролиферација на овие клетки, тоа може да биде причина за дијабетес“, рече Хил.

Таа ја спроведе тековната студија како постдокторски истражувач на Универзитетот во Јута со постар автор Џун Раунд, професор по патологија. Заедно откриле дека кога им давале антибиотици со широк спектар на лабараторски глувци во одрден временски интервал на развој (човечки еквивалент на околу 7 до 12 месеци од животот), глувците развиле помалку клетки кои произведуваат инсулин, имале повисоки нивоа на шеќер во крвта, пониски нивоа на инсулин и генерално полоша метаболичка функција во зрелата возраст.

„Ова, за мене, беше шокантно и малку страшно“, рече Раунд. „Сево ова укажува колку е важен микробиомот во овој многу краток, ран период на развој.“

Лекции за измет на бебиња

Во други експериментални проби, научниците им дадоа специфични микроби на лабараториските глувци и открија дека некои од нив го зголемуваат производството на бета клетки и го зголемуваат нивото на инсулин во крвта. Најмоќна беше габата наречена Candida dubliniensis.

Тимот користеше примероци од фекалии од студијата „Еколошки детерминанти на дијабетес кај младите“ (TEDDY) за да го направи она што Хил го нарекува „капавица“ и ги нахрани глувците.

Кога истражувачите инокулирале новородени глувци (слично на имунизација – да се внесе ослабена или мртва форма на инфективен материјал што предизвикува болест во телото со цел да се стимулира имунолошкиот систем) со измет од здрави доенчиња на возраст меѓу 7 и 12 месеци, нивните бета клетки почнале да растат. Изметот од доенчиња од друга возраст не го сторил истото. Имено, Candida dublineinsis има во изобилство кај човечките бебиња само во овој временски период.

„Ова сугерира дека луѓето имаат и одреден, тесен временски интервал на колонизација од овие микроби кои ги промовираат бета-клетките“, рече Хил.

Кога машките глувци кои биле генетски предиспонирани за дијабетес тип 1 биле колонизирани со габата од детството Candida dubliniensis, тие развиле дијабетес во помалку од 15% од времето. Мажјаците кои не ја примиле габата добиле дијабетес во 90% од времето. Уште повеќе ветува тоа што, кога истражувачите ја дале габата на возрасни глувци чии клетки за произведувство на инсулин биле уништени, тие клетки почнале да се регенерираат.

Премногу рано за третмани

Хил нагласува дека микробите не се „антибиотик“. Но, таа верува дека еден ден лекарите би можеле да дадат лекови базирани на микроби или додатоци заедно со антибиотици за да ги заменат „бубачките” кои го поддржуваат метаболизмот што ненамерно ги убиваат. Кашеста маса (трансплантација на фекална микробиота) веќе се користи експериментално за да се обидат да се подобрат метаболичките профили на луѓето со дијабетес тип 2, што исто така може да ги оштети бета-клетките на панкреасот.

Но, таквите пристапи можат да бидат со реален ризик, бидејќи многу микроби кои се корисни во детството може да предизвикаат штета кај возрасните. Наместо тоа, таа се надева дека научниците еден ден ќе можат да ги искористат специфичните механизми што микробите ги користат за да развијат нови третмани за заздравување на оштетениот панкреас.

Џенифер Хил неодамна помогна да се воспостави најсовремена установа „без микроби“ за проучување на микробиомот на доенчињата во CU Boulder. Таму, засега животните може да се одгледуваат во стерилни „меурчиња“ целосно без микроби, а со повторно воведување еден по еден, научниците можат да научат како функционираат.

„Историски гледано, микробите ги толкувавме како нешто што сакаме да го избегнеме, но сега веќе знаеме дека имаме многу повеќе корисни микроби отколку патогени“, рече таа. „Со искористување на нивната моќ, можеме да направиме многу во корист на здравјето на луѓето.”

Извор:

https://www.sciencedaily.com/releases/2025/03/250325141716.htm

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email
Категории

Betlabel blik kasyno Fast Payout https://casinos-blik.pl/ https://crypto-casinos.com.pl janusz casino no deposit bonus janusz kasyno kasyno depozyt 5 zł paypal kasyno depozyt 20 zł blik kasyno z paypal krypto kasyna mystake italia Online Payments paypal casino paypal kasyno vincispin Инсулински пенкала Ментално здравје вести деца психолошка подршка дружење физичка активнос дијабетес дијабетес тип 1 едукација искуства исхрана новитети психолошка поддршка спорт тип 1 тип 2