По повод Новогодишните празници, Асоцијацијата за детски дијабетес на Македонија – Баланс МК, во саботата во Скопје, традиционално, како и секоја година претходно, организираше новогодишен настан за нашите најмали дечиња со ДМТ1, на едно од омилените места за забава на децата – Laser Hunt Fun центарот.
Она пак што беше дополнителен повод оваа новогодишна дружба нашите деца да бидат заедно е нивната дружба со Диамен – нашиот суперхерој со ДМТ1, а за кој неговата состојба, инсулинот и „шарените“ гликемии, не се пречка за да чини јуначки, добри дела и да го применува здравиот начин на исхрана и живот.
За Диамен – супер херојот со дијабетес, пред десетина години Баланс Мк тогаш со поддршка на ФЗОМ и Ново Нордиск исцрта и издаде стрип. Оваа Нова Година освен реиздание на првиот дел од стрипот, исцртавме и издадовме втор дел од него, а и двата броја од изданијата беа поделени на децата по повод новогодишната дружба.
Стрипот за суперхеројот со ДМТ1 „Диамен“ отсега натаму ќе се издава четири пати годишно, а како поддршка не само за најмалите, ами и за сите нас, а со цел кревање на свесноста за детскиот, јувенилен дијабетес.
Дел од испечатениот тираж од стрипот, Баланс Мк го намени за Клиниката за детски болести, односно за нашето одделение – Ендо, а како поддршка за нашите новодијагностицирани слатки другарчиња.

















