Одобрен за употреба првиот сензор со едногодишен период на траење

genetika-blog

Системите за континуирано следење на гликозата т.н. сензори претставуваат вистинско олеснување во процесот на менаџирање на дијабетесот и успешно справување со предизвиците кои ги носи нивото на шеќер во крвта на дневна основа. И додека во светот, вклучително и во Македонија се достапни сензори со 7 или 14 дневно траење, вистинската револуција во менаџирањето на дијабетесот ни доаѓа од американската компанија Senseonics, производител на Eversense E3 и најновиот CGMs Eversense 365.

Eversense E3 CGM системот е долгорочен систем за континуирано следење на гликозата во крвта со еден сензор во траење од 6 месеци. Најновиот CGMs Eversense 365 е токму револуцијата во следењето на нивото на шеќер во крвта со траење од една година од првиот ден на апликација на сензорот.

Официјално овој CGM систем е одобрен за користење од страна на американската Food and Drug Administration (FDA) агенција за лица со дијабетес над 18 годишна возраст, a достапен на пазарот за лицата со дијабетес при крајот на 2024 година. Овој систем, како и неговиот 6 месечен претходник се првично достапни во Соединетите Американски Држави, Германија, Италија, Шпанија, Шведска, Полска и Швајцарија.

Што е Eversense 365?

Eversense 365 е имплантиран CGM систем кој обезбедува до 365 дена континуирано мерење на гликозата во крвта. Овој CGM систем е составен од неколку делови:

Сензор што се вметнува (имплантира) под кожата на надлактицата од страна на искусен и обучен здравствен работник;

Трансмитер што може да се отстрани од сензорот, односно е поставен надворешно над вградениот сензор, кој ги испраќа отчитаните вредности на гликоза преку bluetooth до апликација за мобилен телефон. Корисникот може да го стави и извади трансмитерот со помош на лепило на база на силикон, што е од практична важност да не предизвикува кожни реакции.

Мобилна апликација за iOS или Android уреди, која на корисниците им ги прикажува податоците за гликозата и трендовите на покачување или намалување на временски интервал од 5 минути, како и навремени аларми за хипер и хипогликемија. Сензорот исто така има и предупредувања во вид на вибрации на телото, односно на местото каде е поставен, за да ги извести корисниците за нивото на шеќер во крвта дури и кога мобилниот телефон не е во нивен дофат.

Дали се потребни калибрации на уредот?

Претходниот CGMs, Eversense E3 со траење од 6 месеци има потреба од дневна калицбрација на уредот со измерена вредност од глукомер, додека најновиот модел Eversense 365 таквата потреба ја сведува на еднаш неделно, дополнително, доколку лицето користи одредени лекови кои може да интерферираат со функцијата на уредот (на пример висока доза на вит. Ц).

Дали Eversense 365 може да се користи со инсулинска пумпа?

Американската FDA во одобрувањето на уредот наведува дека истиот е компатибилен со инсулински пумпи и може да се користи како дел од затворен интегриран систем за менаџирање на дијабетесот, но, не се наведени производителите и моделите со кои е можна ваквата функционалност. Од компанијата производител на уредот наведуваат дека се во преговори за прилагодување и интегрирање на системот.

Која е цената на Eversense 365?

Ниту компанијата производител ниту официјалниот дистрибутер во светот ја немаат откриено цената на овој уред, но, се претпоставува дека неговата цена ќе изнесува приближно исто колку и цената на Eversense E3 системот, околу 2.900 долари со вклучен сензор, трансмитер и процедура за поставување. Најголем дел од осигурителните компании во Америка ги покриваат целосно трошоците за набавка и поставување на системот. Исто така, програмата Eversense Payment Assistance and Simple Savings им овозможува на квалификуваните лица со дијабетес да добијат сензор и трансмитер за 99-199 американски долари.

Останува да видиме кога официјално уредот ќе биде достапен за набавка и која ќе биде неговата цена. Иако помал број на лица во светски рамки ги користат овие уреди во споредба со стандардните сензори достапни на пазарот, се смета дека овие уреди се револуција во олеснувањето на животот на лицата со дијабетес, нудејќи им можност преку едноставна постапка да го надминат менувањето на сензори на една или две недели, помали трошоци за менување на сензорите и помалку можни несакани реакции.

Кај нас, во Македонија останува визијата и надежта секое лице со дијабетес тип 1 и дијабетес тип 2 со компликации да добие CGM систем барем за 7-14 дневен период на траење.

 

Подготвил: Душко Јанев

Извори: https://diatribe.org/diabetes-technology/eversense-365-1-year-cgm-cleared-fda

https://www.senseonics.com/investor-relations/news-releases/2024/09-17-2024-120118174

https://www.medscape.com/viewarticle/fda-clears-first-1-year-continuous-glucose-sensor-2024a1000gw4?form=fpf

 

 

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email
Категории

Betlabel blik kasyno Fast Payout https://casinos-blik.pl/ https://crypto-casinos.com.pl janusz casino no deposit bonus janusz kasyno kasyno depozyt 5 zł paypal kasyno depozyt 20 zł blik kasyno z paypal krypto kasyna mystake italia Online Payments paypal casino paypal kasyno vincispin Инсулински пенкала Ментално здравје вести деца психолошка подршка дружење физичка активнос дијабетес дијабетес тип 1 едукација искуства исхрана новитети психолошка поддршка спорт тип 1 тип 2