Првиот излекуван пациент со ДМТ1 во светот со трансплантација на матични клетки

fx1_lrg

Неодамна група кинески истражувачи во часописот “Cell” пред светот ги претставија револуционерните достигнувања и резултати во третман на дијабетес постигнати со изведена трансплантација на матични клетки кај млада пациентка од Кина со дијабетес тип 1.

Станува збор за 25 годишна жена од Тјенцин, Кина на која во јуни 2023 година и била направена автологна трансплантација на хемиски индуцирани плурипотентни островчиња добиени од матични клетки (анг. CiPSC островчиња), а пациентката почнала самостојно да произведува инсулин три месеци по зафатот.

“Сега можам да јадам шеќери, а после повеќе од една година од зафатот можам да уживам во било која храна” – истакнала пациентката во разговор. И официјално, според објавата, ова е првата личност на светот со дијабетес успешно лекувана со матични клетки добиени од сопственото тело.

Револуцијата во третманот во овој случај е и новото место во телото на трансплантација на матичните клетки, кои порано биле имплантирани во црниот дроб, а кај пациентката истото е направено под мускулите на предниот абдоминален ѕид, што овозможува достапна и ефикасна визуелизација на клетките со помош на магнетна резонанца и можност за нивно отстранување доколку е потребно, што претходно во црниот дроб било тешко изводливо.

Три месеци по зафатот пациентката почнала самостојно да произведува инсулин, до нивоа без потреба од егзоген внес на инсулин, а кај неа се намалиле и пиковите на покачување и опаѓање на нивното на шеќер во крвта кои ги имала претходно, а нивото на глукоза се движело во оптималниот опсег во 98% од времето во текот на денот. Резултатите од овој зафат се навистина интригантни, и истите треба да се реплицираат кај повеќе лица, а, потребно е да се види и функционалноста и производството на инсулин во 5 годишен временски период.

Студијата од Кина е меѓу неколкуте други пионерски студии кои користат матични клетки за лекување на дијабетес, кој погодува речиси половина милијарда луѓе ширум светот, особено кај лица со дијабетес тип 1 и отежнувачката околност, автоимуната природа на заболувањето, а истражувачите во ноември годинава очекуваат резултати уште од двајца други пациенти со иста трансплантација, со цел истражувањето да се прошири и на нови 10-20 лица.

Трансплантацијата на CiPSC островчиња може да ја третира болеста, и истата изведена од сопствени извори на матични клетки има свои предности, но, комерцијализацијата на процедурата е тешка, велат истражувачите. Исто така, во моментот во светот се вршат и испитувања за трансплантација на матични клетки за третман на дијабетес добиени од донори, но, засега нема доволно донатори за да се задоволи зголемената побарувачка, а примателите на истите мора да користат лекови кои го потиснуваат имунитетот т.е имуносупресивна терапија за да се спречи потенцијалното отфрлање на трансплантатот, за што автологната трансплантација на матични клетки, извор од сопственото тело, се смета дека носи помал ризик и помала потреба од имуносупресивна терапија.

Каков ќе биде понатамошниот тек и развој на овие процедури во лекувањето на дијабетесот, резултатите од истите и достапноста за пациентите со дијабетес во светски рамки останува да видиме во периодот пред нас.

 

Подготвил: Душко Јанев

Извор:

https://www.nature.com/articles/d41586-024-03129-3

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email
Категории

Betlabel blik kasyno Fast Payout https://casinos-blik.pl/ https://crypto-casinos.com.pl janusz casino no deposit bonus janusz kasyno kasyno depozyt 5 zł paypal kasyno depozyt 20 zł blik kasyno z paypal krypto kasyna mystake italia Online Payments paypal casino paypal kasyno vincispin Инсулински пенкала Ментално здравје вести деца психолошка подршка дружење физичка активнос дијабетес дијабетес тип 1 едукација искуства исхрана новитети психолошка поддршка спорт тип 1 тип 2