Регистрирана е првата пумпа без катетри во Македoнија – Medtrum NANO

viber_image_2023-07-27_04-31-13-143

Значително помала и драстично полесна од првата одобрена Patch инсулинкса пумпа во светот – OmniPod, сега Medtum NANO влетува во светскиот технолошки вртлог насочен кон динамичниот напредок на третманот кај дијабетес тип 1. Станува збор за инсулинска пумпа без катетри (инсулински сетови), која на принцип „лепенка“ (patch) се носи на телото.

Според нејзината спецификација, производителот ги „препишал“ сите одлични перформанси од најдобрите инсулински пумпи и успешно ги интегрирал во нејзината „паметна глава“ (база на пумпата) која се поврзува со Patch резервоарите и потлолно безболно се аплицира на телото. Во комуникација со соодветен, NANO сензор, создава комплетен хибриден систем со затворена јамка опремен со алгоритам за вештачки панкреас (APGO). На тој начин системот го прави сето она што што го прави OmniPod 5 вразана со Dexcom 6 сензорот, или попластично – сето она што го работи нашиот д-р Горан Петровски неколку години наназад во Катар со инсулинската пумпа на Medtronic 780G врзана со соодветен медтроников Guardian сезнор и трансмитер.

Накратко за перформансите на NANO системот:

  • Со додавање на автоматски корекции на болус и зголемување на базалните дози на инсулин ги пегла хипергликемиите
  • Превенира хипоголикемии на начин што автоматски прекинува испорака на инсулин
  • „Аuto meal handling“ – функција, благодарение на која броење на јаглехидрати е непотребно
  • Покарај PDM-от (Personal Diabetes Manager) – „тач“ уред во боја преку кој бежично се управува со пумпата, има можносот за нејзино управување и со мобилна апликација преку EasyPatch App (Smartphone controlled Insulin Pump)
  • Во споредба со нејзините димензии (40.5mm х 31.5mm х 11.5mm) и нејзината тежина од 13.8g, има релативно голем резервоар од 200 IU
  • Водоотпорна
  • Комуницира со најмалиот сензор – NANO, кој е без калибрација и податоци праќа на секои 2 миниути

Развиените европски држави како Данска, Норвешка, Холандија и Англија, пред повеќе од една година, а откако ги увидоа предоностите кои ги нудат перформансите на оваа микро инсулинска пумпа, неа ја додадоа на листата на медицински помагала на товар на буџетот на државата, или осигуренците. Од неодамна тоа го направија и Белгија, Шпанија и Франција, а овде, на Балканот, NANO инсулинската пумпа од пред неколку месеци е достапна и за лицата со дијабетес тип 1 во Грција, а ја очекуваат и во Хрватска.

Но, она што е од најголемо значење за нас, е тоа што конечно и ние ја имаме првата Patch инсулинска пумпа во Македонија со супер перформанси, регистрирана преку нејзиниот овластен застапник за Medtrum „дивајсите“ во државава – Кубис Медикал.

Не само веројатно, туку и очекувано е дека сега, по ваква одлична вест за пациентите со дијабетес тип 1, по „дифолт“ ќе се наметнат прашањата: дали и кога NANO инсулинската пумпа и потрошниот материјал за неа ќе станат достапни преку државните програми за обезбедувања на медицински помагала? Дали останува „политиката“ за набавки на инсулиски пумпи единствено за децата во Македонија, што патем речено е просто non-sense во поразвиените држави? Какво е расположението меѓу дијабетолошката фела за работа со нови медицински помагала и дали ќе се произнесат со оценка колкава е нашата, пациентска потреба, од олеснување на целокупниот третман на дијабетесот како сериозна хронична состоја, која што, пак, логично бара нужно или животно примарно контуирано следење и однесување?

На крајот, кој родител на дете со дијабетес или, млад или повозрасен човек, денес не би сакал врзан систем со сензор и инсулинска пумпа? А, кога знаеме и сведоци сме дека со сензорите кои се уште сами, приватно ги купуваме, значително си ја олеснуваме контролата на оваа состојба?

За заштедата пред се на здравјето, а потоа и на буџетот вложувајќи сега, а превенирајќи во иднина развој и третман на доцни компликации од дијабетесот, веќе многупати аргументирано споменуваме – огромни се заштедите во здравје, во нерви, во пари… Во млади и перспективни животи!

Пишува: Наташа Д. Димитриевска

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email
Категории

Betlabel blik kasyno Fast Payout https://casinos-blik.pl/ https://crypto-casinos.com.pl janusz casino no deposit bonus janusz kasyno kasyno depozyt 5 zł paypal kasyno depozyt 20 zł blik kasyno z paypal krypto kasyna mystake italia Online Payments paypal casino paypal kasyno vincispin Инсулински пенкала Ментално здравје вести деца психолошка подршка дружење физичка активнос дијабетес дијабетес тип 1 едукација искуства исхрана новитети психолошка поддршка спорт тип 1 тип 2