Сонот за SMART (паметен) инсулин

diabetes-insulin

Замислете го ова: инсулин кој реагира на промените на шеќерот во крвта. Инсулин кој делува кога ви треба и се „исклучува“ кога не ви треба!

Производителите на лекови работат на таканаречениот „SMART инсулин“ со децении. Паметниот инсулин би можел да им овозможи на луѓето со дијабетес поагресивно да ги постигнат целните вредности односно да постигнат нормални нивоа на шеќер во крвта. Со тоа се намалува ризикот од хипогликемија и хипергликемија, што ќе доведе до подобри здравствени резултати и на краток и на долг рок.

„Вложуваме многу труд во хемискиот развојот на „паметен“ инсулин“, вели д-р Матијас фон Херат, научен директор на Институтот за истражување на дијабетес и потпретседател и виш медицински службеник во Ново Нордиск.

Денес, оваа иновација е сè уште многу далеку од секојдневната пракса за контрола на дијабетесот и исто толку далеку од полиците на нашите локални аптека, но сепак, има позитвен напредок. Д-р Фон Херат зборуваше за Diabetes Daily и за неодамнешните успешни истражувања на Ново Нордиск со глуко-сензитивниот инсулин кој реагира на покачени нивоа на глукоза во крвта. Еве подетален преглед на напредокот што го постигнал истражувачкиот тим и зошто е толку комплициран развојот на таканаречениот “Смарт” инсулин.

 

Паметниот инсулин мора да биде беспрекорен

„Развивањето на инсулин кој реагира на шеќерот во крвта значи дека треба да изградите молекула која, кога ќе дојде во контакт со глукоза во крвта , станува активна“, вели фон Херат.

„Знам дека луѓето со дијабетес тип 1 кога размисулуваат за паметниот инсулин, веројатно размислуваат како за одмор од нивната состојба“, вели фон Херат. Тој додава: „Можеби ќе дојде и моментот на едноставно инјектирање на вашиот инсулин и тогаш не треба да размислувате за нивото на глукоза. Но, повторно, што се однесува до хемискиот разој, тоа бара многу од нас, односно од молекулата. Да се ​​изгради таков тип на молекула за да стане активна само кога ќе стапи во контакт со глукоза не е лесен подвиг“.

Фон Херат наведе неколку од најзначајните пречки:

Паметниот инсулин бара екстремна точност: инсулинот кој реагира на глукоза мора да биде многу прецизен за да се обезбеди безбедност на корисниците. Мора да знае точно колку инсулин треба да ослободи и кога. Исто така, формулата мора да знае кога да престане да ослободува инсулин. „Што ако јадете и го активирате целиот инсулин – инсулинот е глуко-сензитивен, нели, а наспроти вистински потребната количина? Ќе повторам, ова е многу комплицирано прашање!“ вели фон Херат.

Паметниот инсулин има ризик од вкрстена реактивност: има и други супстанци, молекули во телото кои наликуваат на глукоза, објаснува фон Херат. „Ако овие молекули (најчесто од хормони или лекови) се вкрстат со нашата молекула, молекулата на глуко-сензитивниот инсулин, се покренува огромен безбедносен ризик за корисниците“. Фон Херат вели дека ова е огромна грижа за која ќе бидат потребни опсежни истражувања.

Дијабетесот е повеќе од само инсулин: во рок од 20 секунди по јадење, островчињата на панкреасот каде се сместени клетките кои лачат повеќе хормони, почнуваат да комуницираат со различни други клетки во телото. Ова ги вклучува и бета клетките кои произведуваат инсулин, но има многу други клетки и хормони кои играат значајна улога во тоа како вашето тело управува со храната.

Паметниот инсулин мора да биде беспрекорен: замислете ја вредноста на „паметниот инсулин“, кој еден ден е внатре во вашиот метаболен систем, чекајќи да се активира со зголемување на нивото на глукоза. Што ако одеднаш се активира без причина? Отприлика како неисправна инсулинска пумпа која лачи 50 единици инсулин во вашето тело одеднаш. Може да биде фатално. Токму затоа глуко-сензитивниот инсулин треба да биде навистина безбеден за човечка употреба, или поточно тој мора да биде беспрекорен. Не смее лесно да се збуни или да се „вознемири“ од други метаболни промени во телото.

Нова молекула

Иако предизвикот е голем, истражувачите постигнаа важен напредок.

Научниците на Ново Нордиск изработија молекула која ја нарекоа NNC2215. Оваа молекула во суштина има „прекинувач“ кој реагира на зголемените нивоа на глукоза во крвотокот, дозволувајќи му на инсулинот да стане повеќе или помалку активен. Кога нивото на глукоза во крвта се зголемува доволно високо, инсулинот станува поактивен. Како што се намалува нивото на глукоза во крвта, дејството на молекулата се забавува и го затвора „прекинувачот“, со што повеќе не може да реагира на глукозата.

Неодамна се случи првото успешно тестирање на NNC2215. Тимот предводен од истражувачката Рита Слаби користеше модели на стаорци и свињи за да ја тестира ефикасноста на молекулата. Како што нивото на глукоза во крвта се зголеми од 2.8 mmol/L на 20 mmol/L, инсулинот кој реагира на глукоза стана поодговорен, реагирајќи соодветно на повисоките нивоа на глукоза во крвта.

Резултати: новиот инсулин се покажа ефикасен како човечкиот инсулин во намалувањето на нивото на глукоза во крвта. И како што се надевавме, инсулинот беше значително помалку активен кога беше изложен на низок крвен шеќер.

„Хемијата напредува на неверојатен начин“, вели фон Херат. „Изненаден сум што се е денес возможно! Кога за прв пат беше изнесена оваа идеја за Смарт инсулин пред 20 години, си мислев: Куп од невозможни идеи! Никој нема да може да изгради нешто што функционира на овој начин. Американците за вакви неостварливи идеи велат:  Pie-in-the-sky. Impossible.“

Сегашната состојба со NNC2215

NNC2215 сè уште не е подготвен за хумана употреба, а ако некогаш се постигне посакуваниот резултат во развојот на молекулата, потоа ќе следат уште години на клинички испитувања и одобрувања за употреба од регулаторните тела за храна и лекови (FDA). Но, успеси и напредок има и сето тоа го натера фон Херат да ја промени својата „песна“ за можноста за инсулин кој реагира на глукоза.

„Кога првпат ги видов овие достигнувања и хемискиот развој, помислив: „Во ред, ова е неверојатно, но сепак, би бил многу внимателен да кажам дека функционира. Напредува, но има долг процес пред нас“.

Фон Херат, исто така, вели дека првите типови на овој инсулин кој е глуко-сензитивен нема да бидат магично решение за предизвиците на дозирање за оброци како што многу луѓе со тип 1 се надеваат: „Првите верзии на овие инсулини ќе бидат паметни базални инсулини кои имаат за цел да се спречи хипогликемија. Би ги ублажил моите очекувања дека тие ќе бидат инсулини со брзо дејство што можат да се справат со храната“, вели тој. „Не сакам никого да обесхрабрувам, но мислам дека за тоа ќе биде потребно многу повеќе време“.

Предизвиците се сведуваат на големата прецизност што еден лек како овој мора да ги има. Молекулата ќе треба да работи со исклучително висока специфичност и чувствителност. Инсулинот мора да биде целосно безбеден и исклучително прецизен.

Без оглед на долгиот пат што претстои, фон Херат вели дека напредокот е значаен и достоен за славење: „Во Институтот за истражување на дијабетес, ние ја славиме секоја мала победа и треба да го славиме напредокот. Глуко-сензитивниот инсулин полека и секојдневно извојува мали победи“.

Иако е оптимист и возбуден за иднината на паметниот инсулин, фон Херат знае дека неговата перспектива и видувања не се исти како личност која живее со секојдневниот товар на дијабетес тип 1: „Мојот поглед и перспективи кон развојот на овој лек се како да гледам полупразна чаша. Но тоа е лесно да се каже кога јас самиот не живеам ДМT1“, вели фон Херат. „Но, пациентите треба да бидат трпеливи и да го разберат времето потребно за ова истражување кое претставува огромен предизвик. Пред десет години, никогаш не би помислил дека ова е можно. Значи изминавме долг пат“.

Извор: https://www.diabetesdaily.com/blog/the-dream-of-smart-insulin-735922/

Превземено од: Diabetes.Macedonia

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email
Категории

Betlabel blik kasyno Fast Payout https://casinos-blik.pl/ https://crypto-casinos.com.pl janusz casino no deposit bonus janusz kasyno kasyno depozyt 5 zł paypal kasyno depozyt 20 zł blik kasyno z paypal krypto kasyna mystake italia Online Payments paypal casino paypal kasyno vincispin Инсулински пенкала Ментално здравје вести деца психолошка подршка дружење физичка активнос дијабетес дијабетес тип 1 едукација искуства исхрана новитети психолошка поддршка спорт тип 1 тип 2