Со едноставна исхрана до добро здравје

499846200_23956864023945882_3876913029239498018_n

Особено е важно кога едуцирате лица со дијабетес, да им препорачате правилен начин на исхрана. Секако, истото важи и за сите останати а, кои имаат потреба да им се препише начин на исхрана, да им се поденостави менито, режимот (на пример лица со обезност, потоа нефролошки пациенти итн.) Не велам диета, затоа што низ годините пракса увидов дека кога ќе кажеме диета, луѓето ги асоцира на глад. Практично, внесот на храна скоро секогаш треба да биде редуциран, но чувството на ситост да остатне. Внесот на храна на лицата што ги едуцираме, треба да им го обезбедиме преку планирани оброци. Што би значело тоа?

Тоа значи дека количината на шеќери, масти и протеини, како и фибер влакна и течности, треба да им се распределат по оброк. Затоа треба со знаење, вештина и практични примери преку предавања, работилници или индивидуален пристап да им се објасни како правилно да комбинираат едноставни намирници, односно како да се хранат. Особено треба да внимаваме кога едуцираме да објасниме кои производи да се земат во кое време и во колкава количина. Индивидуалните режими се неефикасни затоа што се со краток век. Луѓето можеби ќе ги применат некое време (додека имаат време) енергија и пари да готват само за себе. Ефикасен и успешен пристап кон правилната исхрана, е кога стилот на живот на целото семејство каде сите имаат различни потреби од нутритивен внес, е задоволен. Тоа значи да се подготви храна за сите, а од таа храна да се комбинираат количина кои ќе ги задоволат нуритивните потреби на сите кои ја конзумираат. Секако, умеењето е во подготовката на се што треба да внесеме и кога фрижидерот е полн, но и кога е полупразен.

najdobra_hrana

Ќе потенцирам кои продукти е особено важно да ги јадеме, a што да избегнуваме. Сезонското овошје и зеленчук секогаш треба да се приоритет, затоа што нашето тело е во склад со природата. На пример, праски, кајсии и грозје на лето, кога нашиот организам се спрема да го дочека наредниот ладен период и зимата, затоа што во нив има многу витамини и минерали. Црвените ситни овошја исто. Зеленчукот од нашето поднебје треба да е присутен со секој обок, во секоја сезона, заради изобилството од фибер влакна. Но она што е најважно е да јадеме многу свежа храна, домашно подготвена храна, со што помалку адитиви. Во денешно време знаеме кои адитиви се штетни, а кои дозволени. Но за дваесет години од сега, со следните истражувања и студии, можеби ќе видиме дека денес дозволените адитиви се штетни за некој сегмент од нашиот организам. Она што е сигурно е да конзумираме храна со што помалку адитиви, па макар тие и да се дозволени. Правилна и едноставна исхрана, свежи намирници и дома подготвени оброци, во консултација со својот доктор и сестра едукатор, во суштина значи добро избалансирана исхрана. Со едноставна исхрана до добро здравје.

Пишува: дипл. мед. сестра Татјана Ѓорговски

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email
Категории

Betlabel blik kasyno Fast Payout https://casinos-blik.pl/ https://crypto-casinos.com.pl janusz casino no deposit bonus janusz kasyno kasyno depozyt 5 zł paypal kasyno depozyt 20 zł blik kasyno z paypal krypto kasyna mystake italia Online Payments paypal casino paypal kasyno vincispin Инсулински пенкала Ментално здравје вести деца психолошка подршка дружење физичка активнос дијабетес дијабетес тип 1 едукација искуства исхрана новитети психолошка поддршка спорт тип 1 тип 2