Став: Ќе биде, до 10-ти август, но, не годинава!

1920_stock-photo-closeup-of-a-young-caucasian-man-with-a-blue-circle-symbol-of-the-diabetes-in-his-forefinger-in-1223612143

Додека во светот борбата со дијабетесот ја доживува револуцијата на векот по откривањето на инсулинот, со комбинирани успеси на терапевтски план и технолошки развој на помагала, во Македонија времето изгледа застанало. Дури не стои, ами временски се враќаме години назад.

И таман помисливме дека со укинувањето на паралелниот увоз на инсулин со сомнителен квалитет, ние, лицата со дијабетес, ја добивме и последната битка, многу фактори тука, катадневно не потсетуваат дека тоа било почетокот на агонијата за околу 135 000 лица и нивните семејства во Македонија. Со таа агонија, со маката од и онака кревкото, начнато здравје од дијабетесот, живееме од ден за ден.

Сте помислиле дали ќе го дочекате следното утро да ги видите лицата на вашите најблиски со блага насмевка затскриена зад грижата за вашето здравје, или се имате запрашано дали е можно новото изгрејсонце да не го дочекаме? – Тоа е новата рутината на лицата со дијабетес во Македонија изминатите 9 месеци, криза над кризите, на која не и го знаеме крајот.

Оставени на милост и немилост, најпрво со инсулинска криза во првиот квартал од годинава, а потоа и без најнова антидијабетна терапија, нови глукомери, ленти за мерење на шеќерот во крвта, игли, сетови за пумпи, а да не зборуваме за системите за континуирано следење на шеќерот во крвта т.н. сензори, за кои од ден на ден се повеќе гасне надежта на едно лице со дијабетес во Македонија за безгрижен живот.

Како изгледа еден ден на лице со дијабетес во ваква криза?

– Станувате рано наутро, го правите првото мерење на гликемијата, веројатно претпоследното, а можеби и последното во денот, дека “штедите” од резервните ленти кои некогаш сте ги оставиле баш за вакви времиња или редуцирате од последното купено кутивче ленти од аптека, приватно се разбира, од минималецот кој ги собори сите европски стандарди. Минималецот кој полни најмалку две месечни потрошувачки кошници ама дека е пренасочен за здравје, ни за една до половина не достига… Потоа, по мерењето на гликемијата, веќе ве дочекува шокот: или сте соочени со синоќешната хипергликемија, која не сте успеале да ја корегирате, бидејќи на слепо сте ставиле доза инсулин или се будите со хипогликемија и сте благодарни на целиот универзум дека сте спасиле жива глава, за малку, а последиците… Па, последици по здравјето секако ќе има! Ама, тоа пак, не е сега тема на мубет. Тоа не заега само нас лично, лицата со дијабетес. Па не сме ние Европа, ниту светот, а нема никогаш ни да бидеме, вака кусогледи.

Но, и тука “драги гледачи” не е крајот, треба да го преживеете цел ден со едно-две мерења и терапија на “тепка”, ако сте ја добиле месецов, ако не, ќе почекате, следниот, понаредниот, ќе биде! А се разбира, терапијата ја аплицирате со игла стара веќе неколку дена, па и цела недела, дека и за тоа е криза, па или редуцирано или воопшто нема да добиете, следниот пат здравје, ако го дочекаме!

Сега веројатно се прашувате зошто “драги гледачи”? – Затоа што само некој што останал да гледа од страна, а можел ова да го промени во позитивна насока за нашите животи, може ваквата ситуација да ја смета за нормална!

Да потсетиме и за децата со дијабетес, со каква гордост треба да зборуваме за реформа во системот во кој над 600 деца живеат живот кој не го избрале самите, а секојдневно истиот им се отежнува. Со што треба да се пофалиме? Со безбројните дупки на детските прстиња кои треба да држат моливче и гума или, со стресот кој го доживуваат секој ден, секоја ноќ, секое утро, нивната и родителската болка за безгрижно детство која никој нема да може да им ја надомести? Или со недостигот на опрема за застарените модели на инсулински пумпи кои често покажуваат малфункција?

И тие заслужиле безгрижен живот како нивните врсници, и тие заслужиле и заслужуваат безболни детски денови и нормален раст и развој како нивните врсници, модриците по телото да ги заменат со едноставен клик на паметниот уред, од кој не научивме ништо паметно, освен барање на вината по социјалните мрежи. Па ни дека светот во чекор со технологијата им нуди помош за нешто за кое самите немаат вина.

И така ред по ред, слика по слика, датум по датум, од март до мај, па први јуни, па почеток на јули, стигнавме и го дочекавме и септември. Како? Па, се разбира: со празни раце и висок шеќер во крвта. Како што кажале, кој чека ќе дочека, ќе дочекаме можеби и ние, и некои идни генерации, само по се не изгледа годинава, а веќе можеби касниме и за идната!

Пишува: Душко Јанев

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email
Категории

Betlabel blik kasyno Fast Payout https://casinos-blik.pl/ https://crypto-casinos.com.pl janusz casino no deposit bonus janusz kasyno kasyno depozyt 5 zł paypal kasyno depozyt 20 zł blik kasyno z paypal krypto kasyna mystake italia Online Payments paypal casino paypal kasyno vincispin Инсулински пенкала Ментално здравје вести деца психолошка подршка дружење физичка активнос дијабетес дијабетес тип 1 едукација искуства исхрана новитети психолошка поддршка спорт тип 1 тип 2