Физичка активност кај лица со ДМТ1

IMG_2606

Кај лицата со ДМТ1 концентрацијата на егзоген инсулин (инсулин со кратко и/или долго дејство додаден од надвор) е одредена пред физичката активност и таа не може да се намали како одговор на организамот од вежбањето, каков што е случајот кај популацијата која не е засегната од оваа состојба. Исто така е намалена и секрецијата на контраинсуларните или регулаторни хормони како што се глукагонот и адреналинот, па е засилена осетливоста на инсулин. Овие фактори допринесуваат за неконтролирано намалување на крниот шеќер што може да доведе до појава на хипогликемија. Зголемената инсулинска сензитивност може да биде присутна и 24 часа по физичката активност, па да допринесе до појава на задоцнети хипогликемии.

Хипогликемија во текот на физичката активност се јавува кај практикување на долготрајните аеробни вежби (активности кои траат подолго како пешачење, рекреативно трчање или пливање, возење велосипед или ролери, планинарење), а започнува 30-45 минути од почетокот на активноста и во подоцните фази. Постојат неколку причини за појава на оваа состојба: забрзана апсорбција на инсулинот, преголемо количество на активен инсулин, намален одговор на контрарегулаторните хормони (глукагон и адреналин).

Најдобар начин на превенција од хипогликемија е земање на додатни јаглехидрати или намалување на единиците на краткоделувачкиот болусен инсулин пред активноста, како две основни стратегии. Доколку настане хипогликемија за време на активноста се препорачува земање на 15-20 грама јаглехидрати со висок гликемиски индекс како што се гликозни бонбони, сок или изотоничен спортски пијалок. Ако за 15 минути не дојде до нормализирање на крвниот шеќер, постапката треба да се повтори. По нормализирање на гликемијата се продолжува со физичката активност, а ако посоти сомнеж за понатамошен повторен пад на крвниот шеќер треба да се земат сложени јаглехидрати кои ќе се ослободуваат постепено и ќе обезбедат континуиран извор на гликоза.

Доцна хипогликемија се јавува 6-12 часа, а некогаш може и 24 часа по вежбањето  ако активноста била интензивна или умерена и долга. Се јавува како последица на преминување на голема количина на гликоза од крвта во мускулите и црниот дроб заради обновување на количините на гликоген и осетливоста на ткивата на инсулин, предизвикано од активноста. Бидејќи ова најчесто се случува кај пракиткувањето на долги аеробни вежби, лицата со дијабетес треба да се самосвесни и едуцирани, и да внимаваат на хипогликемиите кои може да се појават во текот на ноќта. Затоа е важно да се контролира нивото на крвниот шеќер и во текот на ноќта за да се превенираат овие состојби.

Појавата на хипергликемија е карактеристична кај практикување на анаеробните вежби како што е дигањето тегови, фитнес, спринт итн. Предизвикана е од лачењето на контраинсуларните хормони и најчесто е краткотрајна: 30-60 минути. Но, често се случува дури и лицата со дијабетес кои професионално се занимаваат со спорт, а и оние кои рекреативно вежбаат, непознавајќи ги спецификите на метаболизмот кај дијабетесот при физичка активност, a од страв од хипоглекимија пред вежбање да земат екстра јаглехидрати или драстично да ги намалат единиците на инсулин. Тие така свесно се доведуваат во состојба на хипергликемија уште пред да започнат да вежбаат. Недостигот на активен инсулин тогаш го намалува внесувањето на гликозата во клетките, а дополнително и од вежбањето, особено ако се практикуваат вежби со напор и сила, црниот дроб лачи гликоза. Оваа сотојба на хипергликемија при физичката активност е непожелна, затоа што ако дополнително е присутна и кетоза која оди заедно со неа, предизвикува дехидрација и ја намалува pH вредноста во крвта, па наместо бенефити од вежбањето, може да се направи поголема штета врз организамот. Во овие случаи пијте многу вода за да останете хидрирани. 

Ако хипергликемиите при вежбањето се чести, треба да се прилагодат вежбите и инсулинот во консултација со дијабетологот.

Физичка активност не се препорачува доколку шеќерот во крвта е над 15 ммол/л или има присуство на кетони.

Извор:

Мал практичен водич за лица и деца со дијабетес мелитус тип 1 и тип 2 при практикување на физичка активност

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email
Категории

Betlabel blik kasyno Fast Payout https://casinos-blik.pl/ https://crypto-casinos.com.pl janusz casino no deposit bonus janusz kasyno kasyno depozyt 5 zł paypal kasyno depozyt 20 zł blik kasyno z paypal krypto kasyna mystake italia Online Payments paypal casino paypal kasyno vincispin Инсулински пенкала Ментално здравје вести деца психолошка подршка дружење физичка активнос дијабетес дијабетес тип 1 едукација искуства исхрана новитети психолошка поддршка спорт тип 1 тип 2