Согласно Член 22 став 1 алинеја 1 и 8 од Законот за организација и работа на органите на државна управа лицата со дијабетес треба редовно целосно да ја добиваат неопходната анти-дијабетна терапија и медицинските помагала. Доцнењето на јавните набавки, особено овој пат на тест-лентите и глукомерите, на пациентите пред се им ги повредува правата на редовна здравствена заштита, ги доведува до дестабилизација на здравствената состојба предизвикана од немање на основната алатка за самоконтрола на гликемијата, несигурност и загриженост, често одење до инсулинските аптеки со надеж да ги добијат лентите кои за лицата со дијабетес тип 1, вкупно 5000 на број, а од кои преку 600 деца и тип 2, вкупно 40 000 на инсулинска терапија во Македонија, им се неопходни за добра гликорегулација која е услов и обезбедува заштита од несакани компликации кои се неминовни доколку гликемијата не се држи под контрола.
Во продолжение интегрално Ви ја пренесуваме Претставката поднесена денес од страна на Сојузот на здруженија на лица со дијабетес, на 29 август 2023 до Министерството за здравство на РМ, како и до Претседателот и Премиерот на Македонија:
До Министерство за здравство на
Република Северена Македонија
Ул. 50-та Дивизија 6, Скопје 1000
Предмет: П Р Е Т С Т А В К А
Почитувани,
Граѓаните на Република Северна Македонија – пациенти со дијагноза ДИЈАБЕТЕС тип1 и тип2 веќе подолг период се соочуваат со проблем на немање на глукомери и ленти за континуирано следење на гликемиските вредности во крвта кои се неопходни во третманот и менаџирањето на дијабетесот. Ингеренциите за нивна континуирана набавка и достапност до пациентите преку инсулинските аптеки се исклучиво на РСМ – Министерство за здравство, а на пациентите здравствената заштита им е загарантирана пред се со Член 39 од Уставот на Република Северна Македонија со кој на секој граѓанин му се гарантира право на здравствена заштита, Член 5 е и начелата кои следуваат и член 16 со кој на сите граѓани на Република Северна Македонија им се обезбедува остварување на со овoј Закон загарантираните права, утврдени потреби и интереси од од Законот за здравствена заштита.
Пациентите и покрај тоа што им се загарантирани и утврдени правата веќе 8 месеци во 2023 година, не добиваат глукомери и ленти кои во минатото редовно беа обезбедени од страна на РСМ – Министерство за здравство како ресорно министерство во тендерска постапка во двегодишна програма. Имено претходниот тендер беше со завршување на 31.12. 2022 година и по Правилникот по кој се распишува и спроведува следниот требало да биде распишан два месеци порано односно во Ноември 2022 година со што би се обезбедил неопходниот континуитет. Тендерот (Јавниот повик за набавка на нови ленти и глукомери) не е распишан се до доаѓањето на новиот Министер, односно во месец април со задоцнување од неколку месеци.
Доцнењето на набавката на пациентите пред се им ги повредува правата на редовна здравствена заштита, ги доведува до дестабилизација на здравствената состојба предизвикана од немање на ленти за самоконтрола на гликемијата, несигурност и загриженост, често одење до инсулинските аптеки со надеж да ги добијат лентите кои за дијабетичарите тип1 5000 пациенти од кои преку 600 деца и тип2 40 000 пациенти во Република Северна Македонија, се неопходни за добра гликорегулација која е услов и обезбедува заштита од несакани компликации кои се неминовни доколку гликемијата не се држи под контрола. Пациентите во изминатиот период без оглед на нивната финансиска состојба се принудени лентите да си ги набавуваат сами во аптеките и тоа нив ги оптоварува со големи суми на финансиски средства. Имено секој пациент тип1 во изминатите 8 месеци од инсулинските аптеки требаше да подигне по 20 кутии (на секои 2 месеци по 5 кутии по 50 ленти) и секој пациент со тип 2 по 4 кутии (на секои 2 месеци по 1 кутија ). Со ова пациентите се оштетни со 270 000 кутии по 50 ленти или вкупно 13.500.000 ленти, а вредноста на една кутија во слободна продажба во аптека е од 650 до 820 денари за глукомерите кои сеуште ги користиме од претходната тендерска набавка.
Незадоволни од целото функционирање, организација и одговорност во работењето, обврската за редовно обезбедување на неопходното за нормален живот на лицата со дијабетес во изминатиот период од страна на Министерството за здравство
Б А Р А М Е
- Министерството за здравство редовно да постапува согласно Член 22 став 1 алинеја 1 и 8 од Законот за организација и работа на органите на државна управа;
- Лицата со дијабетес редовно целосно да ја добиваат неопходната анти-дијабетна терапија и медицинските помагала;
- Лентите кои на секој пациент му следуваат обезбедени преку тендерска постапка која е во завршна фаза, а е со важност од 01.01.2023 до 31.12.2024 година, а е со задоцнување веќе од 8 месеци, да ги добие во целост односно на секој пациент со тип1 заклучно со 31.12.2024 година да му бидат издадени 60 кутии по 50 ленти во кутија и на тип2 по 12 кутии по 50 ленти во кутија поделени на 2-месечни интервали со издавање преку инсулинските аптеки.
Се надеваме на разбирање, соработка и ветувањето на Министерот за здравство Г-дин Фатмир Меџити во однос на унапредувањето на правата на лицата со дијабет во однос на обезбедување на услови за квалитетен живот и редовна достапност на се што е неопходно за НАС дијабетичарите.
29. 08. 2023 година
Сојуз на здруженија на дијабетичари на Северна Македонија
Претседател, Димче Велев
До:
– Република Северна Македонија
Претседател Г-дин Стево Пендаровски
– Република Северна Македонија
Влада на Република Северна Македонија
Премиер Г-дин Димитар Ковачевски
Почитувани екселенции,
Пациентите во Република Северна Македонија кои боледуваат од дијабетес а вкупно околу 45500 на инсулинска терпија од кои повеќе од 600 деца веќе подолг период веќе 8 месеци се соочуваат со немање на глукомери и ленти за континуирано следење на гликемијата во крвта за чија набавка одговорно е Министерството за здравство.
Незадоволни од состојбата во која се наоѓаат обединети преку локалните здруженија во Сојузот на здруженија на дијабетичари на Северна Македонија поднесоа претставка во однос функционирањето на работата на Министерство за здравство како ресорно во оваа област.
Претставката Ви ја доставуваме на запознавање и постапување.