14 Ноември измина, Апелот до здравствените власти останува!

407815356_317951001162647_8788423028064528235_n
За лицата со дијабетес тип 1 или тип 2 на инсулинска терапија, редовното мерење на гликемијата е од суштинско значење во управувањето со дијабетесот. Денес постојат два начина кои им се достапни на лицата со дијабетес за спроведување на самоконтрола:
1. Периодично самостојно мерење на нивото на гликемија со помош на гликометар со боцкање од прст и земање на капка капиларна крв
2. Употреба на безболните Continuous Glucose Monitor (CGM) системи – сензори за мерење на глукозата во интерстицијалната течност.
Секако дека поиновативниот начин на следење и 24-часовен мониторинг преку сензор, кој обезбедува непрекинат увид во движењата на гликемиите и детални информации што корисниците и медицинскиот тим можат да ги следат со помош на мобилна апликација или одредена софтверска програма е препорака и од WHO и IDF.
Лошата контрола на глукозата може да предизвика акутни состојби како тешка хипогликемија – ниско ниво на шеќер во крвта, тешка хипергликемија – високо ниво на шеќер во крвта и дијабетична кетоацидоза, кои можат да доведат до кома и бараат хоспитализација, изложувајќи го здравствениот систем на притисок и дополнителни трошоци. Од друга пак страна, редовното мониторирање на гликемиите кај едно лице со дијабетес на инсулинска терапија може значително да намали овие ризици.
Ова го докажа студијата RELIEF која анализираше стапки на хоспитализација за акутни компликации на дијабетес во Франција пред и по воведувањето на системот за континуирано мониторирање на гликемии FreeStyle Libre. Во ова истражување земаа учествот вкупно 74.011 пациенти со дијабетес тип 1 и тип 2, кои го користеа FreeStyle Libre. Пациентите беа класифицирани врз основа на начинот на самостојно следење пред да го започнат користењето на FreeStyle Libre системот. Конкретно, резултатите покажаа значително намалување на хоспитализациите поврзани со акутни компликации на дијабетес кај лицата со дијабетес тип 1 за -49,0% и кај лицата со дијабетес тип 2 за -39,4% по започнувањето на користење на  FreeStyle Libre CGMs. Дијабетична кетоацидоза опадна кај лицата со ДМТ1 за -56,2% и кај лицата со ДМТ2 за -52,1%. Епизодите на дијабетични коми предизвикани од актутни компикации кај дијабетес кај лицата со ДМТ1 опаднаа за -39,6% и кај лицата со ДМТ2 за -31,9%.
Оваа ретроспективна студија нуди значајни импликации за подобрување на грижата за дијабетес и за редукција на трошоците во здравствениот систем. Дополнително, резултатите покажуваат драматично намалување во употребата на тест ленти за мерење гликемија во текот на двегодишниот период, со парадигматско опаѓање од -82% кај лицата со ДМТ1 и -84% кај лицата со ДМТ2.
Оттука доаѓаме до заклучок дека воведувањето на Continuous Glucose Monitoring (CGM) системите за сите лица со дијабетес на инсулинска терапија, особено за лицата со тип 1, не само што ќе допринесе во значително намалување на ризиците и хоспитализациите поврзани со дијабетес, туку и ќе прекине со дискриминација меѓу пациентите. Ова ќе им овозможи на сите корисници побезболно следење на нивата на гликемија и директен пристап до детални информации. Освен тоа, воведувањето на овие технологии има потенцијал да генерира значителни долгорочни финансиски заштеди за здравствениот систем. Редовното следење на гликемијата со помош на CGM може да резултира во редукција на хоспитализации, траење на престој во болница и потребата за дополнителни медицински интервенции. Дополнително ќе допринесе и за растеретување на здравствениот систем и редуцирање на бројот на дневни посети на лекари од сите нивоа. Овие придобивки ќе создадат подобри услови за грижа и значителни подобрувања во квалитетот на живот на лицата со дијабетес.
14 Ноември – Светскиот ден на дијабетесот измина. Но апелот останува: Ги повикуваме сите надлежни инситуции да започнат со итна и ефикасна имплементација на овие иновативни технологии – системи за континуиран мониторинг на гликмија, со цел да се подобри животот на лицата со дијабетес и да се редуцираат трошоците на здравствениот систем. Се надеваме дека државните институции ќе бидат активни во превземањето на одговорност и ќе работат кон обезбедување на овие напредни технологии за сите на кои им се потребни.
Facebook
Twitter
LinkedIn
Email
Категории

Betlabel blik kasyno Fast Payout https://casinos-blik.pl/ https://crypto-casinos.com.pl janusz casino no deposit bonus janusz kasyno kasyno depozyt 5 zł paypal kasyno depozyt 20 zł blik kasyno z paypal krypto kasyna mystake italia Online Payments paypal casino paypal kasyno vincispin Инсулински пенкала Ментално здравје вести деца психолошка подршка дружење физичка активнос дијабетес дијабетес тип 1 едукација искуства исхрана новитети психолошка поддршка спорт тип 1 тип 2