Што е дијабетес мелитус тип 2?

type-2

Дијабетес мелитус тип 2 (инсулин независна форма на дијабетес) е нарушување на метаболизмот на јаглени хидрати што се карактеризира со покачено ниво на гликоза во крвта во контекст на отпорност на инсулин. Панкреасот често продолжува да произведува инсулин, понекогаш на повисоко ниво од нормалното, особено во почетокот на болеста. Сепак, телото развива отпорност на ефектите на инсулин. Како што напредува дијабетесот тип 2, така се намалува и можноста на панкреасот да произведува инсулин. Околу 90% од луѓето со дијабетес страдаат од оваа форма. Општо, се јавува кај луѓе постари од 30 години и нејзината зачестеност се зголемува со возраста. До неодамна, тоа беше ретко кај деца и адолесценти, но станува се почеста.

Сите блог објави за тип 2 дијабетес

Кои се симптомите на дијабетес мелитус тип 2?

Луѓето со дијабетес тип 2 не мора да покажуваат симптоми со години, дури и децении, пред да бидат дијагностицирани, бидејќи можат да бидат многу суптилни. Отпрвин, тие се благи, така што тие стануваат поизразени во текот на неделите, месеците, годините. Најчестите симптоми вклучуваат:

  • Зголемено чувство на жед
  • Често мокрење
  • Замор
  • Сува уста
  • Чести инфекции (особено габични)
  • Заматен вид
  • Бавно заздравување на раните
  • Импотенција
  • Пецкање во рацете и нозете

Кои анализи се потребни за да се постави дијагноза?

Мерење на нивото на  глукоза во плазмата на гладно е основен метод на дијагностицирање. Тоа е едноставен тест кој се изведува  по дванаесет часовно гладување. Исто така, постои и тест за толеранција на глукоза, како и одредување на гликозилиран хемоглобин ( хемоглобин А1Ц)кој го открива просечниот шеќер во крвта во претходните два до три месеци.

Кое е решението?

Решението вклучува прилагодување на одредени навики на живеење – режим на исхрана, редовна физичка активност, откажување од цигари, употреба на лекови за намалување на глукозата (метформин, сулфонил уреа, глитазони), третирање на хипертензија, како и намалување на холестерол и триглицериди (ако е покачено).