Дијабетична невропатија 2

nevropatija-2

Оштетување на нервите поради дијабетес

Лошата контрола на Дијабетисот претставува навистина реално опасност за развивање на оштетувања на нервите, што, пак, може да влијае врз дигестивната обработка на храната (голтање, варење), за дишењето, па дури и за крвниот притисок. Или состојба позната како – автономна невропатија. Подолу во овој текст се дадени неколку работи што може да ги направите за да го зачувате здравјето на вашиот нервен систем, како што е препорачано од најновите Стандарди за нега од Американската асоцијација за дијабетес.

Како што претходно истакавме во првиот дел од оваа статија посветена на невропатските патологии предизвикани од дијабетисот, нервниот систем ги контролира движењата, болката, варењето, дишењето, сексуалното реагирање, па дури и пулсот. 

Во редовите што следат се објаснува еден од најчестите типови оштетување на нервите што може да настане кај лицата со дијабетес – автономна невропатија – и како да ги одржувате нервите здрави врз основа на насоките од Стандардите за нега од Американската асоцијација за дијабетес. 

Автономна невропатија 

Автономната невропатија влијае врз нервите во автономниот нервен систем, или делот од нервниот систем што ги контролира мускулите во органите внатре во телото, како што се срцето, крвните садови, белите дробови, гастро­интестиналниот и уринарниот тракт, сексуалните органи и потните жлезди.     

Автономната невропатија опфаќа разновидна група знаци и симптоми и може да предизвика многу проблеми со здравјето. Како симптоматологија најчести се вртоглавицата, сувите очи, уста или кожа, брзото чувство на ситост после јадење (гастропареза), нарушувањата на мочниот меур и на сексуалната функција. Се проценува дека приближно една третина од луѓето со дијабетес искусуваат автономна невропатија. 

И тука , идентично на периферната невропатија, високите нивоа на гликоза низ подолг временски период може да ги оштетат малите крвни садови што носат хранливи материи и кислород до нервите. Постојано високиот крвен притисок и абнормалните нивоа на липиди во крвта, како што се LDL (лесните масни синџири), холестеролот и триглицериди, може да придонесат кон невропатија. Веројатноста за невропатија поврзана со дијабетес е повисока доколку имате прекумерна телесна тежина или дебелина, хронично заболување на бубрезите од понапредна фаза, или пак пушите. 

Неможност да се забележи хипогликемија 

Неможноста да се забележи хипогликемија (ниско ниво на гликемија во крвта) настанува кога кај едно лице ги нема или не се препознавата или чувствуваат симптомите на хипогликемија. Поради ваквиот недостиг да се препознаат раните знаци и симптоми, ова може да биде многу опасно поради ниското ниво на гликоза,, особено доколку се земаат лекарства што ја намалуваат гликозата и може да предизвикаат хипогликемија, како што се на пример инсулинот или глукофажот. 

Третманот може да вклучува зголемување на гликозата и целта за A1C, како и промени во типот и дозата на лекарствата што ги земате. Секое лице кај кое постои неможност да се забележи хипогликемија треба да носи храна или пијалак што содржи брзи јаглехидрати за третирање на ниското ниво на гликоза. И секако што е од особена важност – да се осигури дека блиските, колегите или другите од непосредната околина знаат каде се чува глукагонот (како превентивно средство за тешка хипогликемија) и како се користи.

Срцеви проблеми 

Третманот за проблеми поврзани со срцето се фокусира на намалувањето на симптомите преку лекарства или промени во животниот стил. Проблемите поврзани со срцето вклучуваат: тахикардија: брзо срцебиење додека одмарате; ортостатска хипотензија, позната и како постурална хипотензија: појава на низок крвен притисок при станување; симптомите, исто така, најчесто се вртоглавица или зашеметеност и несвестица; и зголемено или намалено потење.

Гастроинтестинални проблеми

Овој вид проблеми може да се поврзани со кој било дел од гастроинтестиналниот тракт, од хранопроводот, па сè до цревата. Можеби сте го слушнале општиот поим „гастропареза“ – а гастропареза се однесува на бавното празнење на желудникот и може да предизвика рана заситеност (или „наполнетост“), надуеност, гадење и повраќање.  

Сигнален знак за гастропареза е тешкото менаџирање на нивоата на гликоза и симптоми поврзани со горниот гастроинтестинален тракт, како на пример, болки во стомакот, гадење и повраќање без посебна причина. Дијагнозата може да се направи преку мерење колку брзо храната се празни од желудникот. 

Третманот за гастропареза знае да биде тежок. Може да се пробаат лекарства за да се подобри празнењето на желудникот и да се контролираат гадењето и повраќањето. Може, исто така, да се направат измени во исхраната преку избор на храна што има ниска содржина на влакна и масти, јадење мали и чести оброци и побавно џвакање на храната пред голтање.  

Други проблеми со гастроинтестиналниот тракт може да се запек, дијареја или неможност да се контролира работата на цревата (фекална инконтиненција).

Проблеми со гениталниот/уринарниот тракт

Кај мажите, ова може да биде изразено преку еректилна дисфункција, што преставува неможноста да се задржи ерекцијата за време на сексуален однос. Третманот може да опфати употреба на некое од лекарствата што овозможуваат задржување на ерекција, вакуум-уред или пак протеза за пенисот. Кај жените, проблемите може да вклучуваат намалена сексуална желба и возбуда, болка за време на сексуалниот однос и несоодветна лубрикација. 

Дополнително, а важи и за мажите и за жените, дисфункцијата на мочниот меур може да предизвика инконтиненција, итност и зачестеност на мокрењето.  

Третман

Општо, менаџирањето на автономна невропатија се фокусира на тоа да ги олесни симптомите и да го подобри квалитетот на животот. Меѓутоа, овие интервенции најчесто не помагаат околу главниот проблем. Како и секогаш, одржувањето на гликемиските нивоа во целниот (здрав) опсег е примарен дел од третманот.    

Како да се спречат или одложат проблеми со нервите

Како и со сите други проблеми поврзани со дијабетесот во однос на спречување или одложување на проблемите, постојат активности што може да бидат на дневно ниво, како на пример одржување на гликозата, крвниот притисок и липидите во безбедни нивоа и активности што може да бидат на годишно ниво, или почести, со цел откривање на проблемите.  

Дневни активности

Одржување на гликозата во посакуваниот целен опсег. Доброто менаџирање на гликозата во тек на секојдневието може да помогне во спречување или одложување на невропатиите. Соработувајте со вашите лекари за да ги постигнете посакуваните цели при одржувањето на “нормалната“ гликозата. Но и за одржување на нормален крвен притисок и ниво на масти, иако со текот на годините состојбите се менуваат. Но, бездруго овие цели треба да си ги поставите заедно со вашите лекари. 

Направете план за да имате здрав животен стил и практикувајте редовна само-нега за дијабетес. Ова вклучува да имате редовна физичка активност, да јадете здрава храна, да одржувате здрави навики за јадење, да се откажете од пушењето или да не пушите, да не консумирате дневно повеќе од еден алкохолен пијалак за жени, а два алкохолни пијалаци за мажи, како и да ги земате лекарствата како што се припишани. 

Годишни активности или по потреба

Залагајте се за себе. Бидете проактивни. Осигурете се дека вашиот лекар ги извршува годишните проверки и тестови што се спомнуваат и во оваа статија. Покрај тоа, залагајте се за себе си и бидете проактивни. 

Пријавете на Вашиот лекар секакви нови знаци или симптоми за проблем поврзан со нервите штом тој евентуално се појави или веднаш по неговото појавување. Ако е потребно, закажете преглед. Ако имате проблем за кој е потребно понатамошно тестирање и проценки, направете план на активности за третман и следење со вашиот лекар. 

Ако Ви кажат дека имате индикација за каква било невропатија поврзана со дијабетес, преземете ги препорачаниот третман и чекорите за менаџирање што е можно поскоро. Запомнете, раното откривање и активности се клучните фактори за забавување на напредокот на невропатија поврзана со дијабетес. 

Преведено од англиски на македонски: Зоран Ѓузелов

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email
Категории

Betlabel blik kasyno Fast Payout https://casinos-blik.pl/ https://crypto-casinos.com.pl janusz casino no deposit bonus janusz kasyno kasyno depozyt 5 zł paypal kasyno depozyt 20 zł blik kasyno z paypal krypto kasyna mystake italia Online Payments paypal casino paypal kasyno vincispin Инсулински пенкала Ментално здравје вести деца психолошка подршка дружење физичка активнос дијабетес дијабетес тип 1 едукација искуства исхрана новитети психолошка поддршка спорт тип 1 тип 2