rtCGM системи во функција на понизок HbA1c

rtcgm1

Според новите истражувања, возрасните луѓе со дијагностициран дијабетес Тип 1, и кои користат системи за мониторирање на гликозата во реално време (rtCGM) имаат значајно поголема редукција на гликолизираниот хемоглобин – HbA1c (просечна вредност на шеќерот во крвта во изминати три месеци) во временска рамка од 6-12 месеци во споредба со интермитентното мерење со CGM.

Авторот на студијата, д-р Александар Абитбол (Alexander Abitbol), суб-специјалист по ендокринологија и метаболизам, ќе изјави: “Иако испитувањата со rtCGM и CGM покажаа значајно клиничко подобрување во гликемиската контрола, супериорната гликемиска контрола на испитаниците со rtCGM се должи на зголеменото време минато во опсег (зададена, посакувана целна вредност на движење на шеќер во крвта), пониското време под опсегот и пониска гликемиска варијабилност споредено со тестната група на испитаници кои имаат заеднички физиолошки карактеристики”.

Иако е докажано дека CGM системите ја подобруваат гликемиската контрола кај пациентите со Т1Д, сеуште немаме компарација на ефективноста на rtCGM системите во споредба со интермитентното мерење на CGM и како тоа влијае на HbA1c т.е. немаме директна компарација на CGM метриките.

rtcgm2

Ретроспективно, за ова истражување, користени се податоци од канадскиот регистар за дијабетес LMC (Canadian LMC Diabetes Registry). Пациентите биле подобни за вклучување во ова истражување ако имале дијагноза Т1Д > 12 месеци, да се на возраст ≥ 18 години, и да користеле rtCGM или CGM или пак ја употребувале конвенционалната метода на само-мерење на гликоза во крвта (SMBG) помеѓу Јануари 2018 и Декември 2020 година.

Примарната цел била HbA1c во временската рамка од 6 – 12 месеци со соодветните rtCGM и интермитентните CGM групи или пак комбинацијата од CGM и SMBG групи во реално време. Користен бил мултиваријабилен линеарен регресивен модел преку кој се евалуирало приспособувањето на исходот на HbA1c како коваријанта.

Биле испитувани 187 пациенти со rtCGM и 230 пациенти со CGM кои ги исполнувале условите за учество во ова истражување. По совпаѓањето на резултатите од истражувањето, имало 143 пациенти во секоја група кај кои резултатите биле добро избалансирани според нивните основни карактеристики.

Просечниот период на следење на HbA1c бил 9,6 ± 2,2 месеци за групата со rtCGM и 9,9 ± 2,1 месеци за CGM групата.

Во рамките на соодветните групи на rtCGM и CGM, податоците покажуваат дека корисниците на rtCGM во реално време имале значително поголема корист во смисла на подобрување на вредностите на HbA1c во споредба со корисниците на CGM (прилагодена разлика, -3 mmol/mol [95% CI, -5 до – 1]; -0.3% [95% CI, -0,5 до -0,1]; P = 0.01).

Помеѓу пациентите со почетен HbA1c < 69 mmol/mol (8,5%), rtCGM групата имало значително поголемо намалување на вредностите на HbA1c во споредба со CGM групата (-4 mmol/mol [95% CI, -7 mmol/ mol до -2 mmol/mol]; -0,4% [95% CI, -0,6% до -0,2%]; P <0.001).

Дополнително, имало значително поголемо намалување на вредностите на HbA1c во временската рамка од 6-12 месеци кај пациентите кои користеле засилена инсулинска терапија (MDI – Multiple Daily Injections Insulin Therapy) (-3 mmol/mol [95% CI, -6 mmol/mol до -0 mmol/mol]; -0,3% [95% CI, -0,5% до 0,0%]; P = 0,05).

Покрај тоа, rtCGM групата имало значително поголемо време во опсегот (58,3 ± 16,1% наспроти 54,5 ± 17,1%, P = 0,03), пониско време под опсегот (2,1 ± 2,7% наспроти 6,1 ± 5,0%, P <0,001), и пониска гликемиска варијабилност.

“Податоците од оваа студија ги потенцираат придобивките и важноста на предупредувањата во реално време за луѓето со Т1Д“, додаде Абитбол.

Драган Јованоски

Целото ова истражување можете да го најдете на следнава локација: https://onlinelibrary.wiley.com/doi/full/10.1111/dme.14937

Извор: https://www.hcplive.com/view/available-therapies-for-the-management-of-severe-hypoglycemia-in-pediatric-patients-with-diabetes

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email
Категории

Betlabel blik kasyno Fast Payout https://casinos-blik.pl/ https://crypto-casinos.com.pl janusz casino no deposit bonus janusz kasyno kasyno depozyt 5 zł paypal kasyno depozyt 20 zł blik kasyno z paypal krypto kasyna mystake italia Online Payments paypal casino paypal kasyno vincispin Инсулински пенкала Ментално здравје вести деца психолошка подршка дружење физичка активнос дијабетес дијабетес тип 1 едукација искуства исхрана новитети психолошка поддршка спорт тип 1 тип 2