Дијабетесот и јас – како да ја надминеме социјалната изолација?

testimonial1

Соочувањето со дијабетесот во прв момент може да биде тежок исчекор за секое ново-дијагностицирано лице со дијабетес. Предизвиците кои ги носи сериозната состојба каква што е дијабетесот често можат да влијаат врз социјалните погледи на личноста.

Уште пред почетокот на пандемијата со Ковид-19 и долготрајните ограничувања на движењето на граѓаните, голем број на лица со дијабетес се соочувале со социјална изолација и чувство на отфрленост во околината.

Според едно научно истражување спроведено во текот на 2020 година во Ise Red Cross Hospital во Јапонија во кое вкупно биле вклучени 558 пациенти – лица со дијабетес, било откриено дека дури 31,2% или 174 лица од испитаниците биле социјално-изолирани, додека 15,6% или 87 лица биле приморани да бидат во домот (врзани).

Дополнително, според истражувањето било откриено дека големите варијации во нивото на гликемијата и зголемувањето на возраста, го зголемувале ризикот за социјална изолација кај лицата со дијабетес.

Негативниот тренд на појава на социјална изолација кај лицата со дијабетес е актуелен проблем и во нашата држава. Пациентските здруженија и асоцијации низ државата даваат свој придонес кон намалувањето на таквиот негативен тренд.

Како можеме да ја надминеме социјалната изолација?

Развојот на технологијата, достапноста на информациите и ресурсите, како и иновативните програми можат да доведат до намалување на социјалната изолација.

Во прилог неколку совети како да ја надминеме социјалната изолација:

  1. ФОРУМИ, БЛОГОВИ И СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ – пациентските здруженија низ Македонија речиси во текот на секој месец организираат редовни средби и состаноци, форуми и едукативни работилници, а секојдневно по профилите на социјалните мрежи споделуваат интересни и едукативни информации.
  2. ВОЛОНТИРАЊЕ – низ државата постојат голем број на организации и здруженија кои нудат волонтерски активности за лица со различни интереси, од хуманитарен карактер, уметнички до авантуристички активности. Такви здруженија се и локалните здруженија на лица со дијабетес низ градовите од Македонија, под водство на Сојузот на здруженија.
  3. НОВО ХОБИ – “човекот учи додека е жив”, несомнено одлична поговорка од нашите предци. Па така, секој ден можеме да се насочиме кон учење на нови нешта кои не исполнуваат. Дали тоа ќе биде кулинарски курс, курс за шиење со материјали, курс за цртање, многуте опции зависат од самите нас.

Се надеваме дека овие кратки совети ќе Ви бидат од помош и поддршка во справувањето со социјалната изолација што ја носи дијабетесот.

На крајот на денот, запомнете НЕ СТЕ САМИ!

Автор

Душко Јанев

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email
Категории

Betlabel blik kasyno Fast Payout https://casinos-blik.pl/ https://crypto-casinos.com.pl janusz casino no deposit bonus janusz kasyno kasyno depozyt 5 zł paypal kasyno depozyt 20 zł blik kasyno z paypal krypto kasyna mystake italia Online Payments paypal casino paypal kasyno vincispin Инсулински пенкала Ментално здравје вести деца психолошка подршка дружење физичка активнос дијабетес дијабетес тип 1 едукација искуства исхрана новитети психолошка поддршка спорт тип 1 тип 2