Мојот Живот Со Дијабетес Тип 1 Започна Вака…

testimonial3

Приказната за тоа како започна мојот живот со дијабетес тип 1 ќе ја разберат сите оние, особено децата и тинејџерите кои се нашле во истата ситуација, но и родителите кои се обидуваат да дознаат како нивните деца размислуваат и како го доживеале моментот кога им бил дијагностициран дијабетесот.

Едно од прашањата кои децата најчесто си го поставуваат е: “Зошто јас?”. Истото прашање си го поставив и јас. Иако имав само 6 години кога ми открија дека имам дијабетес. Сепак, тој момент го паметам како да беше вчера.

Симптоми

Симптомите кои ги имав беа зголемено чувство на жед, често мокрење, зголемен апетит и губење на телесната тежина. Се сеќавам дека, иако пред тоа не јадев благо, ниту торти на родендени, во тој период знаeв да изедам чоколада „Милка“ од 100 грама наеднаш, а сепак слабеев.

Слабеењето го приметија и моите учителки во градинка, по што им укажаа на моите родители дека со мене нешто не е во ред и дека треба да ме однесат во болница.

Моментот кога дознав дека имам дијабетес тип 1

Уште следниот ден, отидовме во болница, каде што ми беа направени низа тестови, по што веднаш ја добивме дијагнозата. Дијабетес мелитус тип 1.  Вредноста на гликозата во крвта треба да изнесува помеѓу 5,0-7,2 mmol/l. Но, кај мене нивото на гликоза во крвта изнесуваше 12 mmol/l.

За мене тоа ништо не значеше, но за моите родители беше шок.  Прв пат се соочија со оваа болест за која немаа никакво познавање, но знаеја дека е опасно доколку не се преземат одредени мерки.

Прифаќање

После неколку часа откако ми беше дијагностицирана болеста, докторите  на моите родители  им објаснија се за оваа болест, како да се регулира, за начинот на исхрана и се друго што треба да се знае, за да може да се води нормален живот. Следниот тежок чекор беше што требаше да и објаснат на својата 6 годишна ќерка за оваа состојба. На наједноставен начин се обидоа да ми објаснат за тоа што претставува дијабетесот, но и како треба да го променам начинот на исхрана. На почетокот, не разбирав што точно претставува тоа, но кога ми кажаа дека не смеам да јадам благо, ми стана јасно. Заедно со мојата мајка останав една недела во болница, за да се направат испитувања со цел да се утврди каков тип на инсулин ќе треба да користам и како тој ќе влијае на мојот организам.

Но, најтешкиот момент следуваше кога ми соопштија дека инсулинот ќе мора да го добивам со боцкање, со игла. Иако бев мала  знаев што претставува иглата. Знаев колку боли. Тогаш  првпат се запрашав – зошто токму мене ова ми се случува.

Поддршка од најблиските

Сепак, моите родители и сестра ми  вложија  многу сили да ми помогнат  да ја прифатам состојбата и да научам како да го одржувам под контрола нивото на гликозата во крвта.  Иако  чувствуваа страв, сепак сознанието дека може нормално да се живее  со оваа болест, беше мотивација и причина плус секојдневно да зборуваат со мене на оваа тема и чекор по чекор да ме учат како треба да се однесувам, за да можам да водам здрав и нормален живот, како и сите други луѓе.

За време на таа недела додека бев во болница, дојдоа многу други дечиња на кои им беше дијагностицирана истата состојба – дијабетес мелитус тип 1. Се сеќавам дека цело време ги прашував моите родители дали и тие имаат дијабетес како мене. Дури ги прашував и дали може да се смениме – тие да ја имаат мојата болест наместо мене.

Заклучок

После една недела, ме пуштија дома. Бев многу среќна, но сеуште не бев свесна за предизвиците кои ме очекуваат, како и за фактот дека еден дел од мојот живот засекогаш ќе биде променет. Но, со текот на времето станав свесна дека ова е само почеток на мојот живот, живот со дијабетес тип 1.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email
Категории

Betlabel blik kasyno Fast Payout https://casinos-blik.pl/ https://crypto-casinos.com.pl janusz casino no deposit bonus janusz kasyno kasyno depozyt 5 zł paypal kasyno depozyt 20 zł blik kasyno z paypal krypto kasyna mystake italia Online Payments paypal casino paypal kasyno vincispin Инсулински пенкала Ментално здравје вести деца психолошка подршка дружење физичка активнос дијабетес дијабетес тип 1 едукација искуства исхрана новитети психолошка поддршка спорт тип 1 тип 2