Едукација – интегрален дел од третманот на дијабетесот

tanja-blog

Diabetes mellitus (ДМ) е метаболно нарушување со различна етиологија што се карактеризира со хронична хипергликемија придружена со нарушување на метаболизмот на јаглехидрати, масти и протеини како резултат на дефектна секреција на инсулин, инсулинската резистенција или и двете. Инциденцата на дијабетесот расте како резултат на повеќе комплекси и меѓусебно поврзани фактори. Меѓу нив е стареењето на популацијата, недостиг на физичка активност, и нездрави навики во исхраната. И покрај значајниот напредок во лекувањето сепак се присутни и акутните и хроничните компликации.

Дали компликациите може да бидат превенирани? Одговор на ова прашање е дека можат и тоа со едукација која треба да има главна улога во превенцијата. Едукацијата е интегрален дел од третманот на дијабетесот. Уште во далечната 1870 година францускиот доктор Бушар увидел дека за време на опсадата на Париз во Француско-пруската војна, кога исхраната била рационализирана, кај луѓето со дијабетес значителна била појавата на шеќери во урината. Тогаш дошол до идеја дека исхраната треба да се прилагоди, индивидуализира, а лицата со дијабетес да се обучат за тоа. Значи, потребата од едукацијата датира од 19 век, а од 1888 година кога еден доктор кој се занимавал со изучување на симптоматологија на дијабетес препорачал самоконтрола кај овие пациенти. Првата програма за едукација е спроведена во Португалија во 1922 година од Ернесто Рома – креатор на “социјалната” дијабетологија и основач на најстарата асоцијација на луѓе со дијабетес во светот. Фрустриран од зголемениот број на смртни случаи предизвикани од дијабетес кај луѓе кои не можеле да си дозволат инсулин, тој ја создал првата школа за дијабетес. Во истото тоа време, околу 1920 година, патологот Елиот Џослин кој своевремено бил еден од водечките американски доктори во третманот на дијабетесот станал голем поборник за едукација на луѓето со дијабетес и тоа прераснало во доктрина во лекувањето.

tanja

Искуствата велат дека на лицата со оваа хронична состојба, со дијабетес, особено првовремено, кога ќе се постави дијагноза треба да им се пријде многу внимателно. Дијабетесот ја намалува самодовербата и се јавува самосожалување кон сопственото здравјето. Овој психолошки момент се јавува во пет фази:

Шок и одбивање – не е вистина и не е можно

Револт – зошто мене

Договор – ова ќе правам, ама ова не

Ветувачка депресија – знам дека имам дијабетес, но дали ќе можам се да направам

Прифаќање – ќе живеам со ова оваа состојба

Едукаторите и медицинскиот тим кој се грижи за овие пациенти, без разлика дали станува збор за дијабетес тип 1 или тип 2, дали станува збор за деца/родители, млади, средовечни или стари лица, треба да ги препознае стадиумите и да знае во кој стадиум како да делува.

На почетокот, додека сѐ уште трае соочувањето со оваа состојба, најпрво на пациентите треба да им се укаже на некои основни работи, како на пример навремено земање терапија и мерење гликемија, избегнување храна богата со шеќери, а за да можат во домашни услови да се снајдат. Како тече времето и прифаќањето на состојбата, а за што едукаторите се должни да помогнат, во што пократок рок треба да ги убедат овие лица дека од нив зависи успешноста на третманот, а од нас достапноста на информациите. Потоа континуирано едукацијата да се спроведе во целост. И по потреба, да се повторува.

Има разлика во тоа дали е лицето е со дијабетес тип 1, дали е дете со кое треба паралелно да се едуцира и родител/и, и кај лица со дијабетес тип 2. И кај овие лица со дијабетес тип 2 е препорачливо да се едуцира член од семејство, најблизок со кој што живее. Особено треба да се води сметка кај младите да им се објасни како делува инсулинот и како се аплицира за да можат да бидат што понезависни . Паралелно треба да им се објасни за можни хипогликемии, зошто настануваат, како се превенираат и како се третираат во домашни услови. Секако, посебно место во едукацијата зазема диететскиот режим на исхрана која првовремено се однесува на броење лебни единици, потоа нивно претворање во јаглехидрати, па уште попрецизно – во грамови  на јаглехидрати. Кај повозрасните пациенти едукацијата останува базична и се сведува на обука на броење лебни единици во исхраната. Обука се прави и во болнички услови кога лицето е хоспитализирано. Секако, кај секоја едукација препораките за физичка активност се задолжителни.

Принципите на едукацијата кај едукаторите треба да се сведат на правилна проценка: кога и што ќе ги научат пациентите зависи од тоа кога, како и што се учи. На пример, при поставување на дијагноза се дава основа за исхрана и аплицирање терапија дома. Како се учи – треба правилна проценка на индивидуални интелектуални способности за учење и прифаќање на материјата – скоро секогаш е различно. И секако, факторот кој е во зависност од претходните знаења.

На крајот, знаењето не е знаење само за да се знае туку и да се даде, да се пренесе. Само така ќе имаме задоволни пациенти, неоптоварено здравство, добро регулирани дијабети, здрави и среќни луѓе.

Дипл. мед. сестра Татјана Ѓорговски,

главна сестра и едукатор во Центарот за дијабетес

при Клиника за ендокринологија и болести на метаболизам, Скопје

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email
Категории

Betlabel blik kasyno Fast Payout https://casinos-blik.pl/ https://crypto-casinos.com.pl janusz casino no deposit bonus janusz kasyno kasyno depozyt 5 zł paypal kasyno depozyt 20 zł blik kasyno z paypal krypto kasyna mystake italia Online Payments paypal casino paypal kasyno vincispin Инсулински пенкала Ментално здравје вести деца психолошка подршка дружење физичка активнос дијабетес дијабетес тип 1 едукација искуства исхрана новитети психолошка поддршка спорт тип 1 тип 2