Пост и дијабетес

post-blog

Постот е важен духовен аспект на многу религии, но може да доведе до големи здравствени проблеми кај некои лица со дијабетес. Имаме конкретни совети за постот и дијабетесот.

Дали може да постите ако имате дијабетес?

Да, во некои околности, но зависи од тоа колку сте здрави.

На крајот на краиштата, личен избор е дали да се пости или не. Меѓутоа, ако одлучите да постите, тогаш мора да се консултирате со Вашиот лекар, за да бидете сигурни дека сте во состојба правилно да се грижите за себе. Имаме многу повеќе информации за постот и како безбедно да го спроведуваме.

Ослободување од пост

Секој што со постење би го изложил своето здравје на сериозен ризик, обично е ослободен (не мора да учествува). На пример, вообичаено не се очекува да учествувате во верски пост ако Вашиот дијабетес го третирате со инсулин или имате компликации од дијабетес, како што се оштетување на очите, бубрезите или нервите во рацете и нозете. Разговарајте со Вашиот лекар за совет ако не сте сигурни дали треба да постите, како и со Вашиот духовен водач за упатства.

Останати групи од кои вообичаено не се очекува да постат се децата, болните, лицата во одминати години и трудниците.

Ризици од пост кај дијабетес

Покрај тоа што не јадете (а понекогаш и не пиете), обично постот исто така е време на молитва, размислување и прочистување. Ако го третирате Вашиот дијабетес со одредени лекови како што е на пр. инсулин, постои опасност нивото на шеќер во крвта за време на постење да падне премногу ниско. Ова може да доведе до хипогликемија. Од друга страна, наизменичниот (intermittent) пост може да предизвика превисоко ниво на шеќер во крвта (хипергликемија), што може да доведе до дијабетична кетоацидоза (ДКА), состојба при која е потребно болничко лекување. Симптомите на ДКА вклучуваат чувство на голема жед и прекумерно мокрење. Ако некој пости и не внесува течности за да ја намали жедта, тоа ќе ја забрза дехидрацијата и ќе биде неопходен итен прием во болница.

Ако сте загрижени за постот при дијабетес, проверете со Вашиот лекар или тимот за дијабетес, особено ако не сте сигурни што да правите со Вашиот третман за дијабетес за време на постот. Ако не можете да ги добиете, најдобро е да не постите.

post-kocka

Кој пости?

Во зависност од религијата, постот трае различно време. Во христијанството, хиндуизмот и јудаизмот има тенденција да има одредени денови на верски пост. Сепак, исламскиот месец Рамазан е еден од најдолгите пости, кога е задолжително за сите здрави муслимани да постат во часовите од изгрејсонце до зајдисонце.

Што се случува со Вашето тело за време на постот?

Промените кои настануваат во телото за време на постот зависат од должината на континуираниот пост. Обично Вашето тело влегува во состојба на пост по осум или повеќе часа од последниот оброк. Вашето тело првично ќе користи складирани извори на гликоза, а потоа подоцна во постот ќе ги разградува телесните масти за да ги користи како следен извор на енергија. Користењето на резервите од маснотии во Вашето тело како извор на енергија може, на подолг рок, да доведе до губење на телесната тежина. Губењето тежина, особено ако сте со прекумерна тежина, исто така може да доведе до подобра контрола на гликозата во крвта, крвниот притисок и нивото на холестерол. Сепак, постот не треба да се користи како начин за долгорочно слабеење.

Промени во Вашата исхрана

За време на постот, Вашиот начин на исхрана може да биде многу различен во споредба со вообичаениот. Сепак, важно е да се придржувате до балансиран начин на исхрана, вклучително и храна од сите групи и да не се јаде прекумерно.

Ако имате дијабетес и постите, добро е да вклучите храна која побавно се апсорбира (која има понизок гликемиски индекс) непосредно пред да започнете со постот.

Изборот на овие видови храна ќе Ви помогне да се заситите и подолго да го одржите нивото на гликоза во крвта, дури и за време на постот. Треба да се вклучат и овошје, зеленчук и салата.

Кога ќе го прекинете постот, вклучете само мали количини слатка и масна храна, бидејќи премногу може да Ви предизвика здебелување. Користете помалку масло во готвењето и обидете се да варите, печете или суво пржите храна користејќи нелеплива тава или air fryer.

Дополнително, пијте многу пијалоци без шеќер и без кофеин за да избегнете дехидрација, на пр. вода, диетални газирани пијалоци или сокчиња без додаден шеќер. Ако сакате слатки пијалоци, користете засладувач наместо шеќер.

Останете здрави додека постите

Ако одлучите да постите, важно е почесто да го тестирате нивото на гликоза во крвта бидејќи нивото на шеќер во крвта осум часа по постот може да падне премногу ниско (познато како хипогликемија или хипо). Ова е поверојатно да се случи ако не сте здрави, го лекувате Вашиот дијабетес со инсулин или некои лекови за дијабетес, или двете. Разговарајте со Вашиот тим за дијабетес во врска со ова.

Ако почувствувате симптоми на хипо, како што се чувство на треперење, потење и дезориентираност, мора веднаш да го прекинете постот и да се лекувате со Вашиот вообичаен третман за хипо, како што се таблети гликоза, сладок пијалок или колаче, проследено со ужина како што е сендвич или чинија со житарки.

Ако мора да го прекинете постот поради која било причина, продолжете со оброците како што Ви е вообичаено за тој ден. Можеби ќе може да го надополните постот подоцна или едноставно да обезбедите оброци на помалку имотните.

Ако имате дијабетес тип 1, постои опасност дека нивото на гликоза во крвта може да биде превисоко (познато како хипергликемија ) и да резултира со акумулација на „кетони“. Ова потенцијално може да резултира со сериозна состојба позната како кетоацидоза. Симптомите на високо ниво на гликоза во крвта може да вклучуваат чувство на голема жед, прекумерно мокрење или екстремен замор. Ако нивото на гликоза во крвта остане високо и ги почувствувате овие симптоми, разговарајте со Вашиот лекар или тим за дијабетес.

Пред да започнете со постот, Вашиот тим за дијабетес исто така може да Ве советува што да правите со Вашите лекови и како да одржувате добра контрола на дијабетесот. На пример, Вашиот тим за дијабетес може да ве советува да го промените времето, видот или дозата на лекот за да се осигурате дека нивото на гликоза во крвта е под добра контрола.

intermittent

Резиме

  • Разговарајте со Вашиот здравствен тим ако планирате да постите.
  • Ако дома го тестирате нивото на гликоза во крвта, почесто проверувајте.
  • Продолжете со разновидна и урамнотежена исхрана.
  • Вклучете храна која побавно се апсорбира и има понизок гликемиски индекс.
  • Обидете се да не јадете премногу слатка и мрсна храна.
  • Кога ќе го прекинете постот, погрижете се да пиете многу пијалоци без шеќер и без кофеин за да избегнете дехидрација.
Facebook
Twitter
LinkedIn
Email
Категории

Betlabel blik kasyno Fast Payout https://casinos-blik.pl/ https://crypto-casinos.com.pl janusz casino no deposit bonus janusz kasyno kasyno depozyt 5 zł paypal kasyno depozyt 20 zł blik kasyno z paypal krypto kasyna mystake italia Online Payments paypal casino paypal kasyno vincispin Инсулински пенкала Ментално здравје вести деца психолошка подршка дружење физичка активнос дијабетес дијабетес тип 1 едукација искуства исхрана новитети психолошка поддршка спорт тип 1 тип 2