Квиз: Дали сте изложени на ризик за развој на дијабетес тип 2?

kviz-blog

Дијабетесот е јавно здравствен проблем.

Дијабетесот (дијабетес мелитус тип 2) во денешно време претставува сè посериозна закана за здравјето и благосостојбата на се поголем број луѓе.

Затоа, оваа состојба е еден од најзначајните јавно-здравствени проблеми на современото општество и предизвик не само за здравствениот систем, туку и за социо-економскиот. Во светски рамки бројот на лица кои се соочуваат со дијабетес тип 2 постојано се зголемува. Само во Европа во 2021 година се регистрирани 61 милион луѓе со дијагностициран дијабетес тип 2, а проценките покажале дека секое лице кое е засегнато со ваквата состојба губи во просек 8,5 години живот доколку навремено и соодветно не ја третира состојбата. Во Република Македонија заклучно со 2020 година година биле регистрирани 132,672 лица, од кои 58,555 се од машки пол, а 74,117 се од женски пол.

Ненавременото откривање и третирање на дијабетесот може да доведе до појава на компликации. Важно е да се нагласи дека макроваскуларните компликации т.н рани компликации се јавуваат уште во фазата на преддијабетес, додека оштетувањето на малите крвни садови се развива во подоцнежниот период. Микроваскуларните компликации (ретинопатија, нефропатија, невропатија) предизвикуваат значително намалување на квалитетот на животот на лицата со дијабетес, додека макроваскуларни компликации (коронарни, цереброваскуларни и периферни васкуларни заболувања) се главната причина за смрт.

Фазата што му претходи на развојот на дијабетес се нарекува преддијабетес

Преддијабетесот е состојба во која има нарушена регулација на шеќерот во крвта, но вредностите не се доволно високи за да ги задоволат критериумите за дијагноза на дијабетес. Дури и до 70% од луѓето со преддијабетес на крајот развиваат дијабетес. Речиси девет од десет лица со преддијабетес не се свесни за нивната состојба, не се прикажуваат никакви симптоми, а изложеноста на ризикот е присутна.

Постојат ризик фактори кои доведуваат до зголемени можности за развој на дијабетес. Поголем ризик за развој на дијабетес имаат луѓето постари од 45 години, лицата со прекумерна тежина, луѓето кои имаат седентарен начин на живот со недостаток на физичка активност, луѓето кои имаат дијабетес во семејството, оние кои имаат висок крвен притисок, како и жените кои имаат гестациски дијабетес на развој на преддијабетес, а подоцна и дијабетес.

Како резултат на наведеното, превенцијата и раното откривање на оваа состојба добива сè поголемо значење. Скринингот за дијабетес кај општата популација треба да започне на возраст од 45 години и првенствено да ги опфати лицата кои поседуваат некој од ризик факторите.

Промената на вашиот животен стил е голема пресвртница во спречувањето на преддијабетес и дијабетес, и никогаш не е доцна да се направи промена. Во желбата за губење на прекумерната телесна тежина, најправилно е да се избегнуваат „модерни и брзи“ диети со кои се постигнува слабеење, а нема многу докази дека овие диети можат долгорочно да ја одржат постигнатата телесна тежина. Решението лежи во доживотна промена на начинот на исхрана. Физичката активност и здравата исхрана секако се најдобриот начин да почнете да ги ублажувате последиците од ваквата состојба.

kviz-social

Подготвил: Душко Јанев

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email
Категории

Betlabel blik kasyno Fast Payout https://casinos-blik.pl/ https://crypto-casinos.com.pl janusz casino no deposit bonus janusz kasyno kasyno depozyt 5 zł paypal kasyno depozyt 20 zł blik kasyno z paypal krypto kasyna mystake italia Online Payments paypal casino paypal kasyno vincispin Инсулински пенкала Ментално здравје вести деца психолошка подршка дружење физичка активнос дијабетес дијабетес тип 1 едукација искуства исхрана новитети психолошка поддршка спорт тип 1 тип 2