Разговор со мајка на дете со дијабетес од Грција

0-02-05-dac3a03a2100ec40ecd4baad21b0e332d40ff6ef430a60f6dd6e0d992e20cfe2_3ae3487360e62904

Нашата соговорничка Моза Китани е мајка на три деца, а на шестгодишниот Кристо, пред три години му е поставена дијагноза дијабетес мелитус тип 1. Таа со своето семејство живее и работи на островот Лимнос во Грција веќе 17 години. Активен член е на Асоцијацијата за детски дијабетес на Македонија – БАЛАНС МК, а за Инсулинска Порта ни раскажа за севкупниот третман на дијабетесот во нашето соседство, во Грција.

Кога за прв пат се соочивте со дијабетесот и какви беа вашите знаења околу оваа состојба претходно? Како се чувствувавте кога ја дознавте дијагнозата, што прво ви падна на памет?

Ретко сакам да се присетувам на тоа болно минато искуство. За првпат се соочивме со дијабетесот кога мојот син Кристо беше на тригодишна возраст. Се разбира, ние сите дома за дијабетесот не знаевме речиси ништо освен оние основни информации за постоењето на таквото заболување. Единствено знаевме дека треба да се боцка со инсулин, да мери гликемија со боцкање на прстињата и дека не смее да јаде благи работи и дека таа состојба ќе го следи цел негов живот.

Искрено да ви кажам кога за првпат ни беше дијагностициран дијабетесот мислев дека ќе полудам, просто не можев да си замислам дека секој ден ќе треба да се боцка, дека не ќе може како и неговите другари и врсници во градинка или во училиште да јаде што сака, да биде ист како нив во многу работи… Барем така тогаш мислев и верував и плачев дење и ноќе со денови. Веројатно истите емоции преовладуваат кај секоја мајка на почетокот кога за прв пат ќе се соочи со оваа дијагноза кај своето најмило.

Како почнавте да се справувате со дијабетесот и каква беше соработката со тамошните лекари и на почетокот, а и потоа во натамошното следење на дијабетесот?

Односот на лекарите беше крајно коректен, грижлив. Се сеќавам дека тогаш, кога беше воспоставена дијагнозата педијатарот веднаш ни понуди од Лимнос со авион да заминеме за Атина каде што ќе се направат дополнителни прегледи и каде што ќе ни биде дадена дополнителна и важна едукација како да се справиме, што да правиме со дијабетесот. Така и направивме.

Докторите, медицинскиот персонал делуваа подготвено, и кога отидовме во најголемата атинска детска болница “Света Софија“ нивниот крајно позитивен однос ни беше од огромна важност и помош. Бидејќи целата бев во паника тие постојано ме смируваа со корисни совети и информации за дијабетесот уверувајќи ме дека и покрај новата состојба се ќе биде во најдобар ред ако се следат советите. Разни работи прашував – дали секој ден ќе се боцка, што ќе јаде, како се работи со инсулинот… Но, медицинскиот персонал и докторите, првиот ден само ме смируваа и веднаш ми ставија до знаење дека од наредниот ден ќе треба внимателно да слушам какви насоки ќе ми даваат.

Во болницата останавме девет дена при што докторите работеа на точно утврдување на дозирањето на инсулински единици, а мене ме учеа за да знам што и како да правам кога ќе се вратиме дома. Кога заклучија дека сме спремни за дома, денот пред да не отпуштат од болница ни дадоа телефонски броеви од сите ендокринолози слободно да се јавуваме секој пат кога ќе имаме некаков проблем или прашање, и навистина морам уште еднаш да кажам – соработката со докторите беше извонредна.

Каков е генерално односот на медицината и медицинските лица и институции во Грција, со лицата со дијабетес тип 1, особено со децата со дијабетес? Како се стигнува до инсулински пумпи, има ли за сите, како се стигнува до сензори, дали се плаќаат приватно или се на товар на државата?

Не знам многу како е во другите држави, но кај вас, по она што го следам по социјалните мрежи, не е воопшто сјајно кога е во прашање детскиот дијабетес. Но, овде во Грција, здравствените услуги се на многу високо ниво. За справување со дијабетесот постојат различни видови инсулински пумпи и речиси се од она што влегува во третманот на дијабетесот е на трошок на државата. И процедурите за добивање инсулински пумпи не се сложени, едноставни и брзи се. Лекарите даваат мислење кое го препраќаат во министерството за здравство од каде што одобренијата се доставуваат до осигурителните компании каде што сте осигурени. Возраста на пациентот не игра никаква улога ако има потреба од инсулинска пумпа и ако така одредил докторот.

Истото важи и за сензорите. Има различна понуда, се она што е ново во Европа доаѓа и кај нас тука, иако кај децата повеќе употребуваме Либре сензори или сензори на Медтроник. Пред извесен период влегоа за продажба и Либре 2 и Декском сензорите и се најави дека наскоро, за два до три месеци, и тие ќе бидат ставени на товар на државата исто како и претходните. Исто така околу социјалната и друга грижа мислам дека нема замерка за начинот и третманот кон децата со дијабетес. Така децата до 18 годишна возраст имаат право на парична помош или социјална заштита од 313 евра плус дополнителни дотации за Божик и Велигден од по 200 евра, а најважно е што имаат право да побараат и добијат медицинска придружба (медицинска сестра, како што има моето дете), која што е постојано на располагање за детето додека на пример, тоа престојува во градинка. Кристо сега има шест години.

Генерално, овде во Грција, државата се грижи за своите пациенти.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email
Категории

Betlabel blik kasyno Fast Payout https://casinos-blik.pl/ https://crypto-casinos.com.pl janusz casino no deposit bonus janusz kasyno kasyno depozyt 5 zł paypal kasyno depozyt 20 zł blik kasyno z paypal krypto kasyna mystake italia Online Payments paypal casino paypal kasyno vincispin Инсулински пенкала Ментално здравје вести деца психолошка подршка дружење физичка активнос дијабетес дијабетес тип 1 едукација искуства исхрана новитети психолошка поддршка спорт тип 1 тип 2