Пубертет кај децата со Дијабетес тип 1

0-02-05-dae0fed3c55b9daf18d22988c68cb6468a3d6352958a459c3161383fdd5386e1_9965332d91baac2

Пубертетот претставува период во животот на децата кој се карактеризира со појава на секундарни сексуални карактеристики, забрзан раст и промени во психичката и емоционална сфера.

Сите овие промени кај децата со дијабетес тип 1 може да доведат до влошена гликемиска контрола и зголемување на вредностите на гликозилираниот хемоглобин.

Пубертетот и дијабетесот имаат меѓусебна поврзаност. Хормоните кои се лачат во овој период во голема мера влијаат врз дијабетесот, а самиот дијабетес влијае на хормоните. За време на пубертетот вредностите на гликемијата се зголемуваат, а ова се должи на повеќе хормони, како тестостерон кај машките деца и естрогени кај женските деца, како и зголемено излачување на кортизол и хормонот за раст. Овие хормони доведуваат до инсулинска резистенција и го намалуваат дејството на инсулинот за 30 до 50%. Зголеменото лачење на хормонот за раст за време на пубертетот допринесува за кетогенеза и на ова се должи објаснувањето зошто повеќе адолесценти бргу декомпензираат и развиваат акутна компликација-кетоацидоза, особено ако се пропушти вечерната доза на инсулин. Сите овие хормони најмногу се лачат во ноќните часови што може да биде причина за повисоки гликемии наутро. Потребата за инсулин е поголема помеѓу 05 часот и 08 часот наутро, споредено со вредностите во тек на ноќта. Кај девојчињата може да се јави зголемена инциденца на ирегуларни менструални циклуси и секундарна аменореа, како и зголемување на телесната тежина кон крај на пубертетот што допринесува до лоша метаболна контрола заради желбата за слабеење. Кај момчињата може да се јави заостанување во висина и тежина и задоцнување на пубертетот.

Во минатото, кога е воведена инсулинска терапија, често се пријавувал низок раст и задоцнет пубертет кај децата со дијабетес. Со воведување на нови инсулини и подобрена гликемиска контрола, овие појави се ретки, но сепак се присутни мали абнормалности во растот и пубертетската матурација во лонгитудинални студии на деца и адолесценти со дијабетес. Поради тоа што детето забрзано расте, се зголемува мускулната маса, потребно е и зголемување на дозата на инсулин.

Сите хормонални и физички промени што ги носи пубертетот доведуваат до зголемена потреба за независност од родителите, сопствена одговорност за гликемиската контрола, но и појава на револт, негативни емоции, повлеченост, преземање на ризични однесувања и влошување на целокупната гликемиска контрола.

Поради тоа основно е редовно мерење на гликемиите и приспособување на дозата на инсулин, како и редовна контрола кај матичниот детски ендокринолог. Пубертетот е осетлив период во развојот на децата, зголемената поддршка и внимателност од страна на родителите е многу важна, а по потреба и консултација со психолог кој ќе му помогне на детето да се справи со сите овие големи промени што се случуваат во тек на пубертетот и адолесценцијата.

Пишува: Проф. Д-р Марина Крстевска-Константинова, педијатар-ендокринолог

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email
Категории

Betlabel blik kasyno Fast Payout https://casinos-blik.pl/ https://crypto-casinos.com.pl janusz casino no deposit bonus janusz kasyno kasyno depozyt 5 zł paypal kasyno depozyt 20 zł blik kasyno z paypal krypto kasyna mystake italia Online Payments paypal casino paypal kasyno vincispin Инсулински пенкала Ментално здравје вести деца психолошка подршка дружење физичка активнос дијабетес дијабетес тип 1 едукација искуства исхрана новитети психолошка поддршка спорт тип 1 тип 2