MARD – индикација за точност или прецизна вредност кај CGM системите?

MARD2

Денес, впрочем како и во минатото, на лицата со дијабетес им е од исклучителна важност самоконтролата на нивото на гликоза во крвта. Оттука, користењето на CGMs (системи за континуирано следење на гликемија) – медицински уреди кои на лицата со дијабетес им овозможуваат значително подобра гликемиска контрола, помал број на хипогликемии и помала глуко-варијабилност, им станаа алфа и омега кај контролата на оваа состојба. Особено на оние кои се на интензивирана инсулинска терапија – базал/болус или со инсулинска пумпа.

Во последниве неколку години, молскавично расте и производството и разноликоста на овие системи и нивната достапност (Македонија секако “каска” десетина година зад светот кога станува збор за CGM-системите). Иако за прв пат овие системи FDA ги има одобрено пред 25 години, односно во 1999 година, првично тие биле наменети единствено за професионална употреба. Иако комерцијалните модели на овие системи многу брзо се развиле, на почетокот тие не биле прифатени а, заради отстапките во мерењата кои биле поголеми од 20%. Денес, самата бројна понуда на CGM-системите налага и потреба за можност на споредба на нивната прецизност.

Секое добро едуцирано лице со дијабетес знае дека системите за континуирано следење на гликемија мерат концентрација или ниво на гликоза во организмот од интерстицијалната (меѓуклеточна) течност. Исто така знае и како да ги толкува, интерпретира вредностите кои ги чита на мониторот (рисивер, “ридер” или на апликацијата на мобилниот телефон). Меѓуклеточната течност е т.н. “секундарен простор” во кој со дифузија преку капиларната крв навлегува гликозата. Од таа причина концeнтрацијата на гликозата во тие две компоненти (крв и меѓуклеточна течност) секогаш е различна за неколку милиединици на ммол/Л. Освен кај лицата со дијабетес, особено со т1, а кога станува збор за “ролеркостери” или нагли флуктуации на гликозата (брз пад или раст на крвниот шеќер).

Со напредокот на технологиите и вметнатата “вештачка интелигенција” во нив – алгоритмите, разликите помеѓу мерењата на гликоза во крвта и меѓуклеточната течност се сѐ помали. Напредокот оди до таму, што денес, многу лица на интензивирана инсулинска терапија, ја одредуваат инсулинската терапија и нејзиното дозирање на база на резултатите добиени од мерења на гликозата од меѓуклеточната течност, а не од крвта, преку CGM системите.

Точноста на континуираното мерење на гликоза зависи од средната апсолутна релативна разлика (анг. Mean Absolute Relative Difference, MARD) на мерење на гликоза во однос на т.н. Yellow Springs Instruments (YSI – глобален стандард за точност на мерења во течности).  Апсолутната релативна разлика на измерена концентрација на гликемија во меѓуклеточната течност наспроти онаа во венската крв се изразува во проценти. Понизок процент значи поточна работа односно мерење на сензорот во различни интервали од движењата на гликемијата. Колку е понизок MARD, системот за континуирано мерење на гликемија на кој му ја мериме прецизноста е попрецизен, а колку е повисок процентот на MARD, толку е поголема разликата помеѓу референтните резултати од измерена концентрација на гликоза во крв и конкретен CGM систем.

Повеќето комерцијални системи за континуирано мерење на гликоза имаат MARD помеѓу 8.5-12%, што е показател за добра прецизност, односно тоа е вредност на MARD кој е споредлив со глукометрите кои добиле Одобрување за употреба како медицинско помагало на пазарот во Европа и се здобиле со CE ознака и оние кои се одобрени од страна на FDA, Американската агенција за храна и лекови.

Сепак, MARD резултатот за точност е повеќе индикација, а не крајна прецизна вредност. Затоа што точноста на одреден CGM систем пред сѐ се добива на основа на клинички студии и нивниот дизајн и изведба. Но, од друга страна, моментално MARD е најраспространетата метода за мерење на прецизност на CGM системите и нивно споредување. Како што расте прецизноста, односно “вештачката интелигенција” вметната во CGM системите (во последно време скоро сите производители создадоа системи со голема прецизност и алгоритми кои не бараат дури ни калибрација за нивна попрецизна работа), така MARD методологијата на утврдување на прецизност константно расте.

Наташа Д. Димитриевска

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email
Категории

Betlabel blik kasyno Fast Payout https://casinos-blik.pl/ https://crypto-casinos.com.pl janusz casino no deposit bonus janusz kasyno kasyno depozyt 5 zł paypal kasyno depozyt 20 zł blik kasyno z paypal krypto kasyna mystake italia Online Payments paypal casino paypal kasyno vincispin Инсулински пенкала Ментално здравје вести деца психолошка подршка дружење физичка активнос дијабетес дијабетес тип 1 едукација искуства исхрана новитети психолошка поддршка спорт тип 1 тип 2