Најава за протест на лицата со дијабетес во Македонија

yyxtvm94dcwx0mpstbwr

Според последната достапна информација од Регистарот за дијабетес, изработен од Институтот за јавно здравје, во Македонија 135.690 лица живеат со оваа подмолна болест. Од нив 45.000 се на инсулинска терапија, меѓу кои и деца и младинци до 18 годишна возраст – околу 700 на број.

Изминува седмиот месец откако лицата со дијабетес на инсулинска терапија се соочуваат со многу сериозен недостиг на медицински помагала за редовна самоконтрола и управување со оваа болест, а заради бирократски и/или бизнис “шеми” и нив лош менаџмент од стана на државата односно МЗ. Станува збор за глукомери и тест-ленти, како и потрошен материјал од типот на игли за инсулински пенкала, кои се основа во контролата на оваа состојба. Континуирано, а веќе години наназад се јавува и повремен недостиг на антидијабетична терапија како за лицата со тип 1 дијабетес – инсулини, така и за лицата со тип 2 дијабетес како резултат на лошото административно и дистибутивно работење на инволвираните страни.

Токму затоа, а по долгомесечното изразување на незадоволство од потценувачкиот однос од страна на државата, односно МЗ, кон над 10% од популацијата во Македонија, коишто дополнително живеат со хроницитет (според Меѓународната федерација за дијабетес преваленцата е над 10%) на 4 јули беше одржана средба помеѓу г-динот Фатмир Меџити, министер за здравство и претставници на Сојузот на здруженија на лица со дијабетес во Македонија – СЗДМ.

https://www.facebook.com/zdravstvomk/posts/pfbid0bxnCfqcj1j3u1vjqFAbobeH33AAUmRra3duf8zumzkWkzuGRJ9ZAUz6pCQZDYSMBl

На средбата, претседателот на СЗДМ, г-дин Диме Велев упати конкретни барања во име на 24 пациентски организации ширум Македонија, како до министерот за здравство г-дин Меџити, така и до Владата, односно до г-динот Претседател Владимир Ковачевски за итно изнаоѓање на конкретни и брзи решенија за проблемите со кои се соочуваме:  

– Менување на системот за набавка на глукомери со РЕФЕРЕНТНИ цени каква што е праксата во цел свет и во нашето најблиско соседство, Србија на пример. Предлагаме конечно МЗ да го ослободи буџетот и програмата за набавка на глукомери, тест – ленти и помагала, а во координација со ФЗОМ да се формира референтна цена. Сметаме дека треба да се дефинира најниска референтна цена која ќе биде покриена од страна на ФЗОМ а разликата од таа цена до цената на друго избрано покавалитетно помагало да биде надоместена од страна на самите пациенти, согласно највисоките светски стандарди за глукометри и протоколи за контроли на гликемијата, задржувајќи го принципот на предност за квалитет наместо најниска цена.

– Набавка и достапност на Системи за континуирано мерење гликемии (CGMs) за сите лица со дијабетес мелитус тип 1 во РСМ во најскор разумен рок преку буџет кој ќе биде независен и одвоен од буџетот за набавака на инсулин и друга антидијабетична терапија;

– Продолжување со набавка и навремена достапност на најсовремени терапии во третманот на дијабетесот согласно законот за лекови, сите законски барања во делот на квалитет ќе бидат запазени, како и по завршување на тендерските постапки сите лекови брзо и ефикасно да се достапни до пацинетите;

– Едукацијата за дијабетес да се стави на врвот на приоритетно дејствување на сите чинители за превенција и справување со дијабетесот, предводени од Националната комисија за дијабетес и Министерството за здравство. Имајќи во предвид дека дијабетесот е глобална пандемија која е постојно во пораст (многу поголема од онаа на ковидот), здравствените власти мора еднаш за секогаш да разберат дека единствена превенција кај оваа состојба е токму едукацијата.

– Доедукација на медицински персонал за работа со лица со дијабетес.

Согласно резултатите од Национлното истражување за Квалитетот на животот на лицата со дијабетес во однос на квалитетот на животот спроведено во 2022 година во Македонија, над 70% од пациентите потврдиле дека не се едуцирани.

https://www.facebook.com/szdm.dijabetes/posts/804019611429575?ref=embed_post

На средбата беше истакнато, односно претставниците на пациентските организааци потсетија и на постоењето на НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА ДИЈАБЕТЕС, која меѓудрутото е усвоена и објавена во Службен весник во Октомври 2021 година, а во меѓувреме веројатно заборавена во нечија фиока.

На средбата, како министерот за здравство, така и неговиот тим, изразија, декларативно, волја за изнаоѓање на конечни решенија за подобрување на целокупниот третман на лицата со дијабетес. Но, и покрај позитивните заложби од сите страни, а ради долгодишното неуредно работење со тендерските набавки, конкретно и брзо решение во поглед на долгомесечниот недостиг на помагала без кои лицата со дијабетес не можат да ја контролираат својата состојба, односно болест, веројатно нема да има. Токму затоа, примарно заради конечно надминување на оваа состојба која што трае со години наназад, сосема е легитимна и исправна одлуката на Сојузот на здруженија на лица со дијабетес преку протест јасно да порача дека ваквиот субстандарден “статус кво“ повеќе нема да се толерира. Просто е незамисливо кога човековото здравје и живот бива третирано со толкава игноратност од институциите коишто функционираат благодарение на парите од граѓаните – меѓу кои и лицата со дијабетес.     

Наташа Д. Димитриевска

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email
Категории

Betlabel blik kasyno Fast Payout https://casinos-blik.pl/ https://crypto-casinos.com.pl janusz casino no deposit bonus janusz kasyno kasyno depozyt 5 zł paypal kasyno depozyt 20 zł blik kasyno z paypal krypto kasyna mystake italia Online Payments paypal casino paypal kasyno vincispin Инсулински пенкала Ментално здравје вести деца психолошка подршка дружење физичка активнос дијабетес дијабетес тип 1 едукација искуства исхрана новитети психолошка поддршка спорт тип 1 тип 2