DEXCOM ONE

Section 1.2 How D1 works.png (1)

Секој што е (ин)директно поврзан со дијабетесот знае што претставуваат CGM системите или уреди за континуирано следење на гликемијата (Continuous Glucose Monitor). Во светот постојат повеќе типови на вакви системи, а нивната разлика генерално е во тоа која компанија ги произведува и во функциите што овие уреди ги нудат.

Овде ќе се задржиме на краток преглед на CGMs – Dexcom ONE, којшто неодамна стана достапен во нашите соседни земји, односно во Хрватска и Бугарија.

Како уред за континуирано следење на гликемијата, Dexcom ONE ги нуди сите функционалности што ги нуди ваков тип на сензор: постојано следење на гликемијата, аларми при хипо и хипергликемија, трендови на движењето на гликемијата итн. Достапен е за користење за возрасни лица и за деца (возраст 2+).

Dexcom ONE во суштина е сензорот G6 на Dexcom, но со неколку отстранети функционалности, како што се немање опција за дополнителна апликација за следбеник (follower), не нуди поддршката за работење со инсулинска пумпа и нема калибрација на сензорот (што всушност ја елиминира потребата од боцкање на прстите за проверка преку капиларна крв, освен во случај на хипогликемија или хипергликемија).

Системот се состои од сензор и трансмитер кој ги испраќа податоците од сензорот до апликацијата на компатибилен паметен телефон или на ресивер (уред сличен на “ридерот” на Libre). Сензорот се аплицира со фабрички апликатор, доставен заедно со сензорот и сензорот е со трајност до 10 дена. Цената на еден сензор во Хрватска е околу 43 €, а во Бугарија околу 40 €. Dexcom нудат повеќе опции за нарачка, односно почетна нарачка од 3 сензори и трансмитер, со цена од 129 € во Хрватска и 125 € во Бугарија, како и опција за нарачка на само 3 сензори + 10 бесплатни лепенки за сензорот со цена од 129 € во Хрватска и 119 € во Бугарија. (во секој случај, месечниот износ  е околу 130 евра, или 1560 евра годишно).

Трансмитерот има важност од 3 месеци, се полни и се користи за повеќе сензори. Се поставува врз сензорот за да може да се испраќаат податоците за движењата на гликемијата од сензорот до апликацијата на телефонот на оддалеченост до 6 метри. цена пак само на трансмитерот е 43 €.

Бидејќи во нашата држава претежно се користат сензорите Libre на Abbott, подолу е дадена табела со мала споредба на двата система:

 Dexcom ONELibre 2
Тип на следењеКонтинуирано следењеКонтинуирано следње
Времетраење на сензор10 дена14 дена
Фреквенција на ажурирањена секои 5 минутипостојано
Одобрени места на поставувањеАбдомен + горна надлактица (+ бут за 2-17 годишна возраст)Горна надлактица
Време на започнување („згревање“)2 часа1 час
ВодоотпорностIP68, до 24 часа на длабочина до 2,4 мIP67, до 30 минути на длабочина до 1 м
Трансмитерда, одделен трансмитер што треба да се постави врз сензорот, траење 3 месециНема
Споделување податоција користи апликацијата Clarity за споделување со здравствени работници, но нема апликација за следбеник (follower)го користи системот LibreView за споделување со здравствени работници и апликацијата LibreLinkUp за следбеници (follower)
Алармида, при висока и ниска гликемијада, при висока и ниска гликемија
Предупредувањанема предикативни (предвилдиви) предупредувањанема предикативни (предвилдиви) предупредувања
MARD9,0 % (севкупно)9,2 % (кај возрасни)
Одобрен за возраст од2 години па нагоре4 години па нагоре

Подготвил: Зоран Ѓузелов

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email
Категории

Betlabel blik kasyno Fast Payout https://casinos-blik.pl/ https://crypto-casinos.com.pl janusz casino no deposit bonus janusz kasyno kasyno depozyt 5 zł paypal kasyno depozyt 20 zł blik kasyno z paypal krypto kasyna mystake italia Online Payments paypal casino paypal kasyno vincispin Инсулински пенкала Ментално здравје вести деца психолошка подршка дружење физичка активнос дијабетес дијабетес тип 1 едукација искуства исхрана новитети психолошка поддршка спорт тип 1 тип 2