Отоворен Едукативен Центар за дијабетес и хормон на раст при Клиниката за детски болести, Скопје

diabetes-education-inscription-page-diabetes-education-inscription-page-181468346

По повеќегодишно инсистирање и барање за формирање на Едукативен Центар за дијабетес наменет на децата и адолесцентите со дијабетес мелитус тип 1 и за нивните родители како и за децата кои се на хормонска терапија за раст и нивните родители, кое Клиниката за детски болести го одобри, во тек се активности за негово успешно, поквалитетно и ефикасно отпочнување со работа и одржливост на Центарот.

Од технички аспект Едукативниот Центар е веќе спремен за работа, а благодарение на Алкалоид Конс и Кубис Медикал, тој е опремен со основен ентериер бироа и столици и надгледни средства како монитор за едукации, компјутер, принтер.

Целите и активности на Едукативниот Центар, а кои веќе се претставени и пред детските ендокринолози и менаџментот на Клиниката за детски болести во неколку наврати се следни:

1. Контакт, комуникација и едукација на деца и нивни родители кои се новодијагностицирани со дијабетес тип1:

– Базична едукација за дијабетес

– Апликација на терапија за дијабетес (видови на инсулини и нивна функција, инсулински пенкала, инсулински игли, инсулински порти)

– Базична едукација за самоконтрола и едукација за правилно користење на технолошки помагала (глукометри, сензори, инсулински порти)

– Вовед во нутриционизам: што се јаглехидрати и нивно влијание врз крвниот шеќер, што се протеини, масти и диетски препораки (повремен или редовен ангажман на нутриционист)

– Психолошка подршка (повремен или редовен ангажман на психолог)

– SOS – линија: помош при воведедување на нови пациенти во дијабетесот

2. Континуирана комуникација, едукација и реедукација со постоечки случаи на дијабетес тип 1 и воведување на пациенти во нови надгледни средства:

–       Групни и индивидуални едукации и реедукации за самоконтрола и едукација за правилно користење на технолошки помагала (глукометри, сензори, инсулински порти, инсулински пумпи)

–       Групни и индивидуални едукации и реедукации за апликација на терпија за дијабетес (“паметни“ инсулински пенка, инсулински порти и инсулински пумпи)

–       Нутриционизам: напредно ниво, броење јх, влијание на проетини и масти врз крвниот шеќер

3. Управување со менаџмент на податоци за дијабетес за одредување на инсулинска терапија:

–       поставување на пациенти на надгледни средства: сензори и апликации, потоа “паметни“ глукометри, и симнување на податоци

–       олеснување и можности за брза аналитика на податоци за одредување на инсулинска терапија

4. Информативни сесии за иновации на терапии и технологии

–       за пациенти

–       за медицински сетсти

–       за доктори

5. Информативно- едукативни сесии на деца и родители на терапија со хормон за раст

6. Информативни, едукативни сесии за дијабетес и други ендокринолоши заболувања на доктори од примарно здравство

–       Педијатри

–       Матични доктори

7. Користење на искуствата, податоци (статистички и аналитички) од функционирањето на Центарот за нормативни, здравствени и други иницијативи, проекти и идејни решенија.

8. Информативни контакти за презентирање на медицинските, социјалните, воспитно-згрижувачките и други трендови во областа на дијабетесот во светот

9. Припреми за едукативен електронски и печатен материјал

Врз основа на ова горенаведено кусо резиме за суштинските основи на Центарот, недвосмислено е есенцијална улогата и местото на фармацевтските компании и фактор во реализацијата и натамошната одржливост на Центарот. Не само во поглед на местоположбата: Детската клиниката – Одделение за ендокринологија, туку и во поглед на содржинското егзистирање и функционирање.

Aктивната заедничка партиципација во формирањето на Центарот, чии што цели се крајно благородни и во неспорен интерес на лицата и првенствено на децата со тип 1 дијабетес, децата на хормон на раст, но и остонатите групи на пациенти на Одделот за ендокринологија при Детската клиника и, генерално, во интерес на самата Клиника и ресорот за здравство е со примарен бенефит на малите пациенти со хронични состојби на ова одделение. Исто така, треба да се истакне дека од самиот почеток и од поднесувањето на ова Барање за формирање на ваков Едукативен Центар поддршката од Министерството за здравство не изостана.

Искрено веруваме дека конечниот епилог по техничкото заокружување на овој проект, конечно ќе имаме функционален Едукативен Центар за дијабетес при Детската клиника какви што постојат и функционираат скоро во сите европски земји, а кој што е суштинска потреба за оваа најголема група на хронично болни деца во државата, како и идна отворена соработка помеѓу медицинската и фармацевтската фела, пациентските здруженија и идните корисници на Центарот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email
Категории

Betlabel blik kasyno Fast Payout https://casinos-blik.pl/ https://crypto-casinos.com.pl janusz casino no deposit bonus janusz kasyno kasyno depozyt 5 zł paypal kasyno depozyt 20 zł blik kasyno z paypal krypto kasyna mystake italia Online Payments paypal casino paypal kasyno vincispin Инсулински пенкала Ментално здравје вести деца психолошка подршка дружење физичка активнос дијабетес дијабетес тип 1 едукација искуства исхрана новитети психолошка поддршка спорт тип 1 тип 2