Пристап до сензори за сите лица со дијабетес кои се на инсулинска терапија во Македонија

viber_image_2023-12-10_14-38-49-716

За лицата со дијабетес тип 1 или тип 2 на инсулинска терапија, редовното следење на гликемијата (самоконтрола) е од суштинско значење во управувањето на дијабетесот. Самоконтролата може да се спроведува со периодично мерење на нивото на гликемија со помош на глукометар со боцкање на прстите, или со употреба на Continuous Glucose Monitor (CGM) систем, кој вклучува сензор за мерење на гликозата во интерстицијалната (меѓуклеточна) течност. Овој систем обезбедува непрекинат мониторинг на нивото на гликемија и обезбедува детални информации што корисниците можат да ги следат со помош на читач или мобилна апликација. Лошата контрола на гликозата може да предизвика акутни состојби како тешка хипогликемија, тешка хипергликемија и дијабетична кетоацидоза, кои можат да доведат до кома – состојби кои бараат хоспитализација, изложувајќи го здравствениот систем на притисок и дополнителни трошоци.

Редовното следење на гликозата може значително да ги намали овие ризици.

Ова го докажа студијата RELIEF која ги анализираше стапките на хоспитализација за акутни компликации на дијабетес во Франција пред и по воведувањето на системот FreeStyle Libre. Вкупно 74.011 пациенти со дијабетес тип 1 или тип 2, кои го користеа FreeStyle Libre, беа избрани за истражувањето. Пациентите беа класифицирани врз основа на начинот на самостојно следење пред да го започнат користењето на FreeStyle Libre. Конкретно, резултатите покажаа значително намалување на хоспитализациите поврзани со акутни компликации на дијабетес и тоа:

  • Севкупни акутини компликации кај лицата со ДМТ1 намалување за – 49,0%, а кај лицата со ДМТ2 за – 39,4% по започнувањето со користење на системот за мониторинг FreeStyle Libre;
  • Појавата на дијабетична кетоацидоза опадна кај ДМТ1 за – 56,2%, а кај ДМТ2 за – 52,1%;
  • Појава на коми поврзани со дијабетес кај ДМТ1 за – 39,6% и кај ДМТ2 за – 31,9%.

Оваа ретроспективна студија нуди значајни импликации за подобрување на грижата за дијабетес и за редукција на трошоците во здравствениот систем. Дополнително, резултатите покажуваат драматично намалување во употребата на тест ленти за мерење гликемија во текот на двегодишниот период, со парадигматско опаѓање од – 82% кај лицата со дијабетес тип 1 и – 84% кај лицата со дијабетес тип 2.

Од тука доаѓаме до заклучок дека воведувањето на Continuous Glucose Monitoring (CGM) за сите лица со дијабетес на инсулинска терапија, особено за лицата со тип 1, не само што ќе допринесе во значително намалување на ризиците и хоспитализациите поврзани со дијабетес, туку и ќе прекине со дискриминација меѓу пациентите по однос на старосни групи. Ова ќе им овозможи на сите корисници безболно следење на нивоата на гликемија и директен пристап до детални информации. Освен тоа, воведувањето на овие технологии има потенцијал да генерира значителни долгорочни финансиски заштеди за здравствениот систем. Редовното следење на гликемијата со помош на CGM може да резултира во редукција на хоспитализации, намалено траење на престој во болница, и потребата за дополнителни медицински интервенции. Дополнително, ова ќе допринесе кон растеретување на здравствениот систем и редуцирање на бројот на дневни посети на лекари од сите нивоа. Овие придобивки ќе создадат подобри услови за грижа и значителни подобрувања во квалитетот на живот на лицата со дијабетес.

Ги повикуваме сите надлежни инситуции да започнат со итна и ефикасна имплементација на овие технологии со цел да се подобри состојбата на лицата со дијабетес и да се редуцираат трошоците на здравствениот систем. Се надеваме дека државните институции ќе бидат активни во превземањето на одговорност и ќе работат кон обезбедување на овие напредни технологии за сите лица кои од нив имаат потреба.

Извор: Сина Револуција

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email
Категории

Betlabel blik kasyno Fast Payout https://casinos-blik.pl/ https://crypto-casinos.com.pl janusz casino no deposit bonus janusz kasyno kasyno depozyt 5 zł paypal kasyno depozyt 20 zł blik kasyno z paypal krypto kasyna mystake italia Online Payments paypal casino paypal kasyno vincispin Инсулински пенкала Ментално здравје вести деца психолошка подршка дружење физичка активнос дијабетес дијабетес тип 1 едукација искуства исхрана новитети психолошка поддршка спорт тип 1 тип 2