Асоцијацијата за детски дијабетес на Македонија – БАЛАНС МК стартува уште еден Едукативен караван низ Македонија на тема исхрана кај лицата со дијабетес, а со единствена цел – добро регулирани гликемии!
Оваа година едукациите започнуваат од Радовиш, а во соработка со Здружението на дијабетичари на Радовиш, Подареш и Конче. За овој Едукативен караван Баланс Мк издаде и наменска брошура за лицата со дијабетес тип 1 и тип 2, авторски подготвена од дипл. мед. Татјана Ѓорговски, долгогодишен едукатор во Центарот за дијабетес при Клиника за ендокринологија и болести на метаболизам, Скопје. Гостин – еудкатор на овие работилници ќе биде и м-р нутриционист Везире Старова, мајка на дете со дијабетес, која ќе даде свој стручен осврт за бенефитите од здравата исхрана со свои препораки и предавање.
Едукациите на тема исхрана кај лицата со дијабетес во 2025 година ќе се реализираат во соработка со локалните здруженија низ нашата држава, а вкупно 25 на број.