Дали ви се има случено вредноста на вашиот CGM-систем да не се совпаѓа со вредноста на вашиот глукометар? Дали во тие моменти сте се почувствувале изреволтирано? Веројатно одговорот на овие прашања е: ДА. Токму затоа еве неколку факти со кои треба да се запознаат сите корисници на системите за континуирано следење на гликемија.
Факт број 1:
Вашиот CGMs и глукометар мерат од различни “работи”
Оние кои користат CGMs, често се потпираат на вредностите на шеќер во крвта прикажани на мониторот (мобилен телефон, „ридер“ или паметен часовник). Но, овој систем воопшто не ја мери глукозата од крв. Туку, вашиот CGMs ја мери глукозата од интерстицијалната (меѓуклеточна) течност во вашето поткожно ткиво. Во овој тенок слој на ткиво, речиси и да нема крв, но има глукоза – која во разговорниот јазик ја нарекуваме шеќер.
Дополнителна информација: доколку го проверите нивото на шеќеr во крвта со глукометар од капиларна крв, со стандардно боцкање на прст три пати по ред, па и од иста капка крв, дури и тогаш секој пат ќе добиете малку поинаква вредност. Важно е да се разбере дека секоја технологија за мерење на шеќер во крвта во „домашни услови“ има дозволен опсег на точност, одоносно отстапка –MARD.
Сета технологија ословена како CGMs која што е одобрена од FDA (The United States Food and Drug Administration) мора да биде во рамките на 15% од вистинската лабораториска вредност најмалку 95% oд времето. Исто така, треба да биде во рамките на 20% од вистинската лабораториска вредност најмалку 99% од времето.
Она што секој еден корисник на овие системи за континуирано следење на гликемија исто така треба да го знеа е дека може да се јават проблеми и при калибрацијата, доколку станува збор за CGMs кој му дозволува на корисникот да ja внесе вредноста од глукометарот за да ја подобри точноста на системот. CGM-системите не треба да се калибрираат секогаш. Освен, ако самиот систем тоа не го налага. Едноставно ја гледате разликата во шеќерот во крвта наспроти шеќерот во интерстицијалната течност, чекате вистински момент за калибрација, односно посакувано време во опсег (TIR – Time In Range), па , калибрирате. Треба внимателно се следат препоракти на производителите на CGM-системите по однос на прашањето за нивно користење, во овој случај во делот за калибрација.
Факт број 2:
Храната која ја јадете прво влијае на нивото на шеќер во крвта измерен на глукометарот, а дури потоа се регистрира на CGMs
Една од најголемите причини зошто вредноста на вашиот CGMs не се совпаѓа со вредноста на глукометарот е затоа што шеќерите од храната што ја јадете всушност прво стигаат до вашиот крвоток, а потоа до интерстицијалната течност – местото каде „лежи“ филаментот на сензорот кој ги собира информациите за движење на глукозата.
Секогаш имајте го на ум фактот на 15-минутната разлика! Нивото на глукозата навлезена во крвотокот наспроти онаа која влегува во интерстицијална течност е со, отприлика 15-минутно доцнење. Тоа значи дека разликата во вредностите помеѓу глугометрите и CGMs ќе бидат поголеми еден или два часа по јадење, а кога шеќерот во крвта брзо се зголемува или опаѓа. Секако, треба да се има во предвид и видот на храна која се јаде односно нејзиниот гликемиски индекс. Колку е поголем пикот кај постпрандијалната гликемија (после јадење) – толку е поголема разликата во овие два часа помеѓу CGMs и глукометарот.
Ако носите одлуки за тоа колку единици инсулин да инјектирате врз основа на вашиот CGMs, можеби е подобро во некои околности да го проверите нивото на шеќер во крвта и на вашето апаратче за мерење од прст за да бидете „на сигурно“. Дополнително, секогаш мерете со глукометар кога на вашиот монитор ќе отчитате многу ниско или многу високо ниво на глукоза, а за правилна одлука по однос потребата на консумирање дополнителни јаглехидрати или, корективна доза на инсулин.
Факт број 3:
Различни вредности на вашиот глукометар и CGMs во одредени ситуации
Ако нивото на шеќер во крвта брзо расте или се намалува, голема е веројатноста дека разликата помеѓу CGMs и глукометарот ќе биде поголема, а се додека факторите кои влијаат на овие флуктации не се смират.
Ќе наброиме неколку фактори (ситуации) кои влијаат на значителни флуктации на крвниот шеќер, а со тоа и на приказ на поголема разлика помеѓу вредностите на глукоза на CGMs и глукометарот:
- После јадење
- По земање на висока доза на инсулин
- Пред, за време и веднаш по вежбањето
- После земање лекови кои влијаат на шеќерот во крвта
Пред да превземете акција по однос на нивото на глукоза од капиларна крв и онаа на мониторот (заедно со трендот на движење-стелката), размислете кои фактори влијаат на вредноста на вашиот CGMs наспроти вашиот глукометар. Понекогаш, чекањето уште 15 минути може да е од полза. Може да делува фрустрирачки, но вреди да се почека особено ако се носи одлука за инјектирање инсулин или дополнителен внес на јаглехидрати.
Ако вредностите на нивото на глукоза на вашиот CGMs константно, во текот на цел еден ден, покажуваат големи разлики во однос на вредностите измерени од капиларна крв, дури и кога другите фактори наведени погоре се надминати, тогаш најдобро е да го контактирате производителот на вашиот CGMs за да го пријавите неисправниот сензор. Многу е веројатно дека службата за корисници ќе ве советува да го отстраните вашиот сензор и да ставите нов. Во повеќето случаи, ќе ви биде испорачан заменски сензор, бесплатно.