DiaEuro е престижен турнир во мал фудбал во рангот на Европското првенство, а се игра од 2012 година. Главен предуслов за учество е сите од тимот да имаат дијабетес. Слатко, нели? ?
Од 9-11 Јуни 2023 година, DiaEuro се одржа во Полска. Веќе десет години колку што се одржува овој турнир, од една страна како поттик, а од друга како доказ, испраќа јасна порака до лицата со дијабетес и јавноста дека професионалното занимавање со спорт кај лицата кои живеат со оваа состојба не е, и не треба да биде пречка. Напротив, треба да биде мотив!
Иако на ова Европско првенство во футсал, генерално земаат учество непрофесионалнци, сепак тоа се момци со дијабетес во чие секојдневие “маалскиот” фудбал e практика.
Македонскиот футсал тим на лица со дијабетес, предводен од менаџерот Виктор Лукарски и со медицинска поддршка од страна на мед.сестра Татјана Ѓорговски, по четврти пат зеде учество на овој меѓународниот натпревар. А како што стои и на ФБ страната на Македонската Амбасада во Полска, особена е честа да може да се присуствува на настанот и да се поздрави Македонскиот тим, кој на теренот играше од срце.
Оваа година целосната подршка за учество на македонскиот тим на DiaEuro 2023 ја обезбеди Созјузот на здружанија на лица со дијабетес на Македонија – СЗДМ.
Пишува: Наташа Д. Димитриевска



