Зошто физичката активност е важна за лицата со дијабетес?

aktivnost-blog

Промената на животните навики и стилот на живеење е најчесто првиот совет кој им се укажува на лицата кои се соочуваат со дијабетес. Таквите промени покрај редовната контрола, соодветната терапија и усогласувањето на исхраната, вклучуваат и редовна рутина за физичка активност. Но, не секогаш е јасно зошто физичката активност има важна улога во справувањето со дијабетесот.

Одредени научни студии покажале дека физичката активност е промотор на подобра контрола на шеќерот во крвта и значително помага во намалувањето на вишокот телесна тежина, два значајни ризик фактори за појава на дијабетес.

Вежбањето на почетокот може да звучи застрашувачки, но, не секогаш мора да вклучува тешки, напорни и долги вежби кои ќе внесат само дополнителен замор кај лицата со дијабетес. Вежбањето може да започне со едноставни физички активности како што се кратко пешачење, велосипедизам, градинарство, па, дури и качување по влезните или домашни скали, лесни вежби за истегнување, јога, зумба или слично.

fizicka-aktivnost

Зошто физичката активност е толку важна за луѓето со дијабетес?

Неможноста на клетките да одговорат на излачениот инсулин, односно појавата на  резистентност кон истиот е карактеристичниот знак на дијабетес мелитус тип 2. Како резултат на резистентноста, шеќерот се акумулира во крвта и самите вредности се покачени. Физичката активност игра важна улога во подобрувањето на сензитивноста на инсулинот. При редовна физичка активност, инсулинот произведен од нашиот организам или егзогено инјектираниот инсулин поефикасно учествува во искористувањето на шеќерот во крвта од страна на масните и мускулни клетки.

Физичката активност согорува и калории, што во симбиоза со здравата исхрана може да придонесе до намалување на телесната тежина. Научно е докажано дека вежбањето и слабеењето ги намалуваат одредени ризик фактори поврзани со дијабетесот, како што се високиот крвен притисок и високиот холестерол, со што директно се намалува и ризикот за појава на срцево-садови заболувања.

Физичката активност има влијание и врз расположението на личноста. Честопати дијабетесот може да предизвика психолошки промени кај лицето кое се соочува со предизвикувачка состојба каква што е дијабетесот, а физичката активност во траење од само 10 до 15 минути може да има влијателен позитивен ефект врз расположението на лицето.

Но, дали 10 до 15 минути се доволни за успешно менаџирање на дијабетесот? Американското здружение за дијабетес препорачува дневно движење и физичка активност од најмалку 30 минути или околу 150 минути на неделно ниво.

Се разбира, доколку вежбањето моментално не е дел од вашата секојдневна рутина, обидете се да започнете со минимални и лесни чекори, а потоа постепено променете ја вашата рутина со физичка активност од 30 минути на ден.

Тимот на Инсулинска порта Ве охрабрува да започнете уште денес и да уживате во придобивките кои ги носи физичката активност за Вас и вашето здравје!

Душко Јанев

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email
Категории

Betlabel blik kasyno Fast Payout https://casinos-blik.pl/ https://crypto-casinos.com.pl janusz casino no deposit bonus janusz kasyno kasyno depozyt 5 zł paypal kasyno depozyt 20 zł blik kasyno z paypal krypto kasyna mystake italia Online Payments paypal casino paypal kasyno vincispin Инсулински пенкала Ментално здравје вести деца психолошка подршка дружење физичка активнос дијабетес дијабетес тип 1 едукација искуства исхрана новитети психолошка поддршка спорт тип 1 тип 2