“Инсулинската порта“ е отворена

porta-blog

Веста што сакам да ви ја соопштам е следна: уште еден од идејните проекти на Асоцијацијата за детски дијабетес на Македонија БАЛАНС МК, е реализиран и, се разбира – ставен во функција! И, не само во интерес на дечињата со дијабетес тип 1 (и на нивните родители), туку и  во интерес на сите лица со дијабетес мелитус тип 1 и тип 2, во интерес на сите наши граѓани кои што на еден или друг начин се соочуваат со дијабетесот како здравствена или животна состојба!

Ја стартувавме “Инсулинска Порта“, веб платформа која што цели да биде токму вистински мултимедијален гласник, кредибилен поддржувач и партнер, прозорец кон светот, наш заеднички простор што уште повеќе ќе ни помогне во сите домени битни за квалитетно превенирање и справување со дијабетесот.

Намерата и заложбите на БАЛАНС МК да добиеме, односно да се стекнеме со уште еден исклучително важен инструмент – медиум, во големиот електронски етер, со www.insulinskaporta.mk се остварени. А што тоа значи?

Прво и основно – комуникација, интеракција, гласност, солидарност и поддршка. Второ, ама не помалку важно – да се биде во чекор со се што е ново, важно, корисно во фармацевтската и во медицинско-технолошката сфера поврзано со дијабетесот но и реперкусиите од него. Тоа, пак, само по себе не води кон нужната едукација, фундирана врз се она што е релевантно овде и во светот како од медицински аспект, така и од нутриционистички аспект, фармаколошки, психолошки, па се до нормативен, воспитно-образовен, социјален… Всушност Инсулинска Порта ќе се бави буквално со сите есенцијални прашања важни за успешната борба против дијабетесот, за здраво и убаво детство на нашите деца, за спокоен и безбеден живот на луѓето со дијабетес наспроти сите негови закани и предизвици.

Креирана да биде целосно функционална и медиумски вредносно стандардизирана, Инсулинска Порта од замисла конечно стана реалност, наше ново моќно орудие кое преферира во многу да го подобри квалитетот на нашата заедничка борба против дијабетесот, обединувајќи ги стручноста, практиката, искуствата, информациите… а само во една посакувана насока: драстично подигање на нивото на здравствена, едукативна, системска превенција во нашата држава!

natasa

БАЛАНС МК отвора нови страници во борба против дијабетесот. Тие страници ќе ги испишуваме сите заедно: децата, родителите, докторите, фармацевтите, нутриционистите… сите ние сопатници во животот со дијабетесот.

“Инсулинската порта“ е отворена.

Наташа Деспотовска Димитриевска

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email
Категории

Betlabel blik kasyno Fast Payout https://casinos-blik.pl/ https://crypto-casinos.com.pl janusz casino no deposit bonus janusz kasyno kasyno depozyt 5 zł paypal kasyno depozyt 20 zł blik kasyno z paypal krypto kasyna mystake italia Online Payments paypal casino paypal kasyno vincispin Инсулински пенкала Ментално здравје вести деца психолошка подршка дружење физичка активнос дијабетес дијабетес тип 1 едукација искуства исхрана новитети психолошка поддршка спорт тип 1 тип 2