Која е најдобрата храна за лицата со дијабетес, а што треба да се избегнува?
Јадењето одредена храна и ограничувањето на други намирници може да им помогне на лицата со дијабетес да го контролираат нивото на шеќер во крвта. Исхраната богата со зеленчук, овошје и здрави протеини може да има значителни придобивки кон сопственото здравје.
И шеќерните и скробните јаглехидрати можат да го зголемат нивото на шеќер во крвта. Но, овие намирници, од добри извори и во правилни количини, можат да играат улога во балансираниот план за исхрана. Вистинската количина и тип на јаглехидрати може да се заснова на многу фактори, вклучувајќи ги нивоата на активност на една личност и лековите, како што е инсулинот.
За лицата со дијабетес, намирници кои се клуч за корисна диета, според Американското здружение за дијабетес (ADA), се:
- Зеленчук и овошје
- Протеини
- Користење на храна со помалку додаден шеќер
- Избегнување на транс масти
- Јадење помалку преработена храна, особено ултра-обработена храна.
Оваа статија разгледува некои од најдобрите намирници за лицата со дијабетес, како и кои намирници би требало да се ограничат или избегнат.
ЗЕЛЕН ЛИСНАТ ЗЕЛЕНЧУК
Луѓето со дијабетес може да си помогнат во управувањето со нивото на шеќер во крвта со правење стратешки избори на храна.

Зелениот, лиснат зеленчук е полн со есенцијални витамини, минерали и хранливи материи. Тие исто така имаат минимално влијание врз нивото на шеќер во крвта. Лиснатиот зеленчук, вклучувајќи спанаќ и кељ, се клучен растителен извор на калиум, витамин А и калциум. Тие исто така обезбедуваат протеини и растителни влакна.
Некои истражувачи открија дека јадењето зелен лиснат зеленчук е корисно за луѓето со дијабетес, поради високата содржина на антиоксиданси на овие растенија и ензимите за варење на скробот. Зелениот, лиснат зеленчук вклучува употреба на спанаќ, зелје, кељ, зелка, брокула и слично. Луѓето можат да го јадат овој зеленчук во салати, придружни јадења, супи и вечери. Комбинирајте ги со извор на посни протеини, како пилешко или тофу.
ЖИТАРКИ И ЦЕЛО-ЗРНЕСТА ХРАНА

Зрнестите житарки содржат високо ниво на растителни влакна и повеќе хранливи материи од рафинираните бели зрна. Јадењето храна богата со растителни влакна е важна за лицата со дијабетес, бидејќи влакната го забавуваат процесот на варење. Побавната апсорпција на хранливи материи помага да се одржи нивото на шеќер во крвта стабилно.
Пченицата и целите зрна се пониски на скалата на гликемиски индекс (ГИ) од белиот леб и оризот. Тоа значи дека тие имаат помало влијание врз шеќерот во крвта. Добри примери на цели зрна што треба да се вклучат во исхраната се: кафеав ориз, леб од цело зрно, тестенини од цело зрно, леќата, просо, булгур и ‘рж.
Препорака: Обидете се да ги замените опциите од цели зрна за бел леб или бели тестенини.

РИБА
Масната риба е здрав додаток на секоја исхрана. Содржи важни омега-3 масни киселини наречени еикозапентаенонска киселина и докосахексаеноична киселина, познати како EPA и DHA.
На луѓето им требаат одредени количини на здрави масти за да го одржат своето тело да функционира и да го промовираат здравјето на срцето и мозокот. Одредени риби се богат извор и на полинезаситени и на мононезаситени масти, како на пример: лосос, скуша, сардини и пастрмка.
Наместо пржена риба, која содржи заситени и транс масти, препорачливо е да се приготвува печена риба во комбинација со зеленчук.
ХРАНА КОЈА ТРЕБА ДА СЕ ОГРАНИЧИ
Една од клучните алки во справувањето со дијабетесот е балансирањето на исхраната. За успешно менаџирање на дијабетесот е потребно ограничување на храната со висок гликемиски индекс, спојување на таквата храна со извори на протеини или здрави масти со цел за да се намали влијанието врз шеќерот во крвта и да добиеме подолго чувство на ситост.
Храната со висок гликемиски индекс вклучува: бел леб, ориз, бели тестенини, компири, тиква и сл.
Исто така, кај лицата со дијабетес се препорачува ограничување на транс мастите, рафиниран шеќер, зашеќерени газирани и негазирани пијалоци, солена храна и алкохол.
За крај, балансираната исхрана, редовната контрола и навременото земање на терапијата се клучните елементи во справувањето со дијабетесот. Само со успешно менаџирање на овие алки може да се води правилна грижа за сопственото здравје.
Извор: https://www.medicalnewstoday.com/articles/324416#gestational-diabetes
Превод и обработка: Душко Јанев