Дали на денешницава може да си го замислите животот без паметни уреди, без мобилни телефони? Дали го живееме времето кога паметниот телефон стана главна алатка во менаџментот на нашето здравје?
Лицата со дијабетес, особено оние со ДМТ1 каде сензорот за мерење гликемија и инсулинската пумпа им се интегриран дел во целокупниот третман, можат да ви го потврдат тоа! Токму затоа, тимот на Инсулинска порта издвои 5 мобилни апликации за вашиот паметен телефон кои може да ви помогнат во справување со дијабетесот, следење на вашата физичка активност, исхрана, нивото на гликемија и количеството на инсулин кое го внесувате.
- Medical ID
Medical ID е бесплатна мобилна апликацијата преку која корисникот на паметниот уред може да внесе информации за својата медицинска историја кои како здравствена книшка ќе бидат достапни секаде со него. Корисникот во самата апликацијата може да внесе информации за здравствените состојби со кои се соочува, терапијата која ја користи, алергиите и медицински контакти, крвната група и сл. кои ќе бидат достапни на заклучен екран (lock screen) на уредот и јасно видливи во итни состојби. Апликацијата е бесплатна за корисниците на Android уредите, а истата има и премиум план кој се плаќа $7.00.
- Glucose Buddy Diabetes
Апликацијата Glucose Buddy Diabetes на корисниците им овозможува да го следат шеќерот во крвта и трендовите на истиот, да ги евидентираат внесените дози на инсулин, да добијат информација за храна и производи кои ќе ги скенираат и нивното влијание врз шеќерот во крвта, да ја следат физичката активност и рутината за вежбање.
Оваа мобилна апликација за дијабетес е оценета како најдобра апликација повеќе од 10 години што укажува на позитивните аспекти на апликацијата врз менаџирањето на дијабетесот. Корисниците на апликацијата исто така може да ја внесат телесната тежина, крвниот притисок и внесот на јаглехидрати во самата апликација.
Оценета како најдобра апликација за дијабетес повеќе од десет години, таа им овозможува на корисниците ефикасно да се логираат на податоците и да преземат контрола над нивниот A1c. Можете исто така да ја регистрирате вашата тежина и крвен притисок и да го следите внесот на јаглени хидрати преку базата на податоци за храна на апликацијата. Податоците од апликацијата може да се споделат со здравствените професионалци.
Апликацијата е бесплатна за корисниците на Apple и Android уреди. Премиум верзијата нуди автоматски калкулатор HbA1c за долгорочно управување, напредни графикони за одредување на трендовите и бесплатен пристап до апликацијата Fitness Buddy.
- Beat Diabetes
Beat Diabetes апликацијата е одлична алатка за ново-дијагностицираните лица со дијабетес со лесни и едноставни совети за справување со предизвиците кои ги носи дијабетесот. Апликацијата дава информации која храна и намирници би требало да се избегнуваат, планови за здрави оброци и начини да се подобри и развие рутина за физичка активност и вежбање со дијабетес. Апликацијата е бесплатна, до неодамна достапна само за корисниците на Android уреди, но, истата е веќе достапна и за корисниците на Apple уреди.
- 4. Diabetic Recipes (Meal planner app)
Апликацијата Diabetic Recipes им овозможува на корисниците да пребаруваат огромна база на рецепти погодни за менаџирање на дијабетесот по состојка или стил на исхрана. Откако корисникот ќе го избере рецептот, се генерира список за набавка што ќе му овозможи олеснување на процесот на барање и купување на соодветните рецепти. На апликацијата се достапни чекор по чекор инструкции и видеа како да се подготват соодветните оброци, а исто така има достапен и бројач на јаглехидрати. Засега апликацијата е достапна само за Android корисниците и е бесплатна.
- Diabetes M
Оваа апликација за следење на дијабетес ги поседува сите потребни карактеристики потребни за успешно менаџирање на дијабетесот како што се потсетници за проверка на нивото на шеќер во крвта, следење и евиденција на исхраната, поврзување со фитнес апликации и следење на трендот на нивото на шеќер во крвта. Апликацијата нуди и калкулатор за болус на инсулин врз основа на нутритивните информации што корисникот ги дава на истата.
Апликацијата е погодна за користење на телефон и таблет уреди, а исто така може да се поврзе и со Apple Watch уредите. Апликацијата има и премиум платена верзија која овозможува креирање на повеќе кориснички профили.
Се надеваме дека овие мобилни апликации ќе ви овозможат полесни и поедноставни чекори во справувањето со дијабетесот на дневно ниво.
Пишува: Душко Јанев