Tретман на хипогликемија – Инхалаторен глукагон

BAQS_desktop_BasketballHero_2048x883@2x-1-scaled (1)

Хипогликемијата е најчестата акутна компликација кај лицата со дијабетес кои користат инсулинска терапија за третман на дијабетесот, но, исто така, може да се појави и кај лица кои користат одредена орална антидијабетична терапија. Епизодите на сериозна хипогликемија се потенцијално опасни и условно “скапи” и за лицата со дијабетес и за здравствениот систем. При ваквата ургентна состојба глукагонот знае да биде спас за човечкиот живот.

Неколку факти за глукагонот

Глукагонот претставува полипептиден хормон кој го создаваат алфа клетките на Лангерхансовите островца на панкреасот, а по функција преставува катаболен хормон, односно го стимулира разградувањето на гликогенот во црниот дроб што резултира со ослободување на глукоза и последователно покачување на концентрацијата на глукоза во крвта. Во моментот единствената достапна формулација на глукагон кај нас во Македонија е парентералната односно субкутана или интрамускулна инјекција. Со значително поедноставен начин на употреба, во светски рамки и регионот веќе на голема врата почна да се користи нова формулација на глукагон т.е глукагон во инхалаторна форма (назален спреј) кој станува дел од секојдневието на лицата со дијабетес.

Механизам на дејство

Во неколку изведени клинички студии инхалаторниот глукагон покажал иста ефикасност како интрамускулно аплицираната формула. Интраназалниот глукагон содржи полипептид од 29 аминокиселини идентичен со глукагонот добиен од човечка рекомбинантна ДНК што се користи во моментално достапниот сет за итни случаи за инјектирање. Сувиот прашок на глукагон е спакуван во интраназален диспензер за лесна и едноставна употреба. Формулацијата на интраназален глукагон се состои од 3 mg глукагон, засилувач на апсорпција и средство за зголемување на волуменот во вкупна доза од 30 mg содржана во уред за еднократна употреба во еден чекор. Активната супстанца може пасивно да ја премине влажната мембрана на носната мукоза и да влезе во крвотокот без активно вдишување од пациентот.

Позитивни пример од Балканот

Хрватска е првата земја на Балканот која целосно на товар на Хрватскиот завод за здравствено осигурување го воведе овој иновативен лек да биде достапен за сите лица со дијабетес тип 1, почнувајќи од 4 годишна возраст па нагоре. Но, патот до овој успех не беше така едноставен за лицата со дијабетес. Во текот на 2022 година, пациентските организации и здруженија за дијабетес во Хрватска преку целогодишна петиција собраа повеќе од 50 000 потписи од граѓани и голема поддршка од академската заедница и медицинските лица, па во дијалог со здравствените власти се изборија за поквалитетен и сигурен живот на лицата со дијабетес. Денес Baqsimi – назалниот спреј глукагон е достапен за сите лица со дијабетес тип 1 во Хрватска сосема бесплатно со рецепт од матичен лекар или специјалист по семејна медицина.

Потенцијални предности и недостатоци

Едноставната и лесна употреба на инхалаторниот интраназален глукагон е една од неговите предности. Инхалаторниот глукагон предизвикува помалку гадење и повраќање во однос на достапната интрамускулна формулација, но, од друга страна може да предизвика други несакани дејства од неговата употреба како што се непријатност во главата и лицето (24%), зголемена солзење (13%) и непријатност во носот (15%). Издувањето на носот по апликација на инхалаторен глукагон ја намалува стапката на апсорпција и биорасположливост, што од една страна претставува недостиг на оваа форумлација, но, во реалноста малку е веројатно дека пациент со тешка хипогликемија ќе се соочи со овој проблем.

Бидејќи инхалаторната формулација на глукагон веќе е достапна на меѓународниот пазар и има формирана цена, останува прашање кога и под кои услови би можела да се појави и во Македонија. Дали и кога ќе стане дел од нашата клиничка пракса ќе зависи од процесот на регистрација и одлуките на надлежните институции во периодот што следува, како и од залагањето на пациентските организации и нивните претставниците.

Пишува: Душко Јанев

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email
Категории

Betlabel blik kasyno Fast Payout https://casinos-blik.pl/ https://crypto-casinos.com.pl janusz casino no deposit bonus janusz kasyno kasyno depozyt 5 zł paypal kasyno depozyt 20 zł blik kasyno z paypal krypto kasyna mystake italia Online Payments paypal casino paypal kasyno vincispin Инсулински пенкала Ментално здравје вести деца психолошка подршка дружење физичка активнос дијабетес дијабетес тип 1 едукација искуства исхрана новитети психолошка поддршка спорт тип 1 тип 2