Oколу 415 милиони луѓе ширум светот имаат дијабетес. Кај дијабетес тип 1, телото ги напаѓа и ги уништува клетките во панкреасот задолжени за производство на инсулин. Дијабетес тип 2, од друга страна настанува кога панкреасот не лачи доволна количина на инсулин или пак, произведениот инсулин организмот не го метаболира правилно. Иако лицата со дијабетес можат да живеат здрав, среќен и продуктивен живот, неопходно е постојано да се следи глукозата и да се оддржува во граници на нормала.
Парвез Кодабокус, директор на Организација за групни набавки во HealthTrust Europe, ја истражува технологијата што е достапна за лицата со дијабетес и испитува некои од клучните случувања што се направени во оваа област на медицинските иновации во изминатите неколку години:
“Откако беше измислена првата лента за тестирање на шеќер во крвта во 1965 година, иновациите направени во оваа област на медицинската технологија се неверојатни. Едно од најважните случувања во историјата на следењето на гликозата се случи во 1999 година, кога континуираното следење на гликозата (CGM) беше воведено како метод за мониторирање и управување со нивото на шеќер во крвта. Од 1999 година, CGM еволуираше и станува сè пософистициран, со нови производи кои постојано се надоврзуваат на напредокот на другите. Една од најзабележителните нови форми на континуирано следење на гликозата е блиц (флеш) континуирано следење на гликозата (fCGM) со систем каков што е FreeStyle Libre.
Но, кои се разликите помеѓу овие методи и зошто овие случувања се толку значајни? За да се разбере ова, важно е внимателно да се разгледаат достапните методи за следење на глукозата пред да продолжиме со fCGM и зошто е толку добар за лицата со дијабетес.

Најчестиот начин за следење на шеќерот во крвта е мерењето од капиларна крв, односно боцкање на прст и земање на мал примерок од крвта. Доколку нивото на шеќер е повисок од нормалното, лицето додава одредена, корективна доза на инсулин. Овој метод, иако едноставен, има неколку недостатоци. Тестирањето може да биде болно што претставува проблем, особено кај помладите лица, децата со дијабетес тип 1. За овој метод да биде ефективен односно за со него да се воспостави добра гликемиска контрола а со тоа и регулиран дијабетес што е и суштината кај оваа состојба, потребно е често тестирање, што дополнително ја намалува неговата привлечност за оние кои бараат дискретни и лесни начини за тестирање на нивото на шеќер во крвта.
Континуираното следење на гликозата од друга страна пак им овозможува на пациентите постојано да го следат нивото на шеќер во крвта преку уред кој собира податоци за нивото на гликоза во телото. Уредите работат 24 часа на ден, па дури и вклучуваат аларми за да покажат кога нивото на гликоза на пациентот е превисоко или премногу ниско. Потребата за боцкање на прстите е елиминирана или значително намалена. Ова е од корист за пациентот и го намалува ризикот од погрешно известување. Уште повеќе, CGM им овозможува на пациентите да ги искористат податоците за да ги набљудуваат трендовите и да ги разберат шемите кои исто така може да се споделат со нивните доктори.
Понатаму, боцкањето од прст одзема време и е прилично незгодно, а тоа може да биде фрустрирачко за многу пациенти. На пример, дете на возраст од основно училиште со дијабетес тип 1 пред да спортува на час по физичко, мора да го провери нивото на шеќерот во крвта. Самоконтролата е една од најважните придобивки на CGM, давајќи им на пациентите чувство на поголема контрола над нивниот дијабетес и подобрување на нивниот живот.

Скоковите и границите направени во технологијата за следење на гликозата значат дека важниот процес на следење може да биде целосно автоматизиран, дискретен и сигурен. Пациентот може да ги провери нивоата на гликоза во секое време преку апаратче – монитор или апликацијата на мобилен уред. Лекарите можат да ги користат собраните податоци за да ги информираат одлуките за прилагодувањата потребни за третманот и/или начинот на живот на пациентот.
Но, што е тоа што го одвојува континуираното мониторирање на гликозата со флеш континуираното следење на гликозата? Клучната разлика помеѓу овие системи е тоа што CGM мониторите треба редовно да се калибрираат за да се осигури дека се точни. Со fCGM, нема потреба пациентот постојано да го калибрира уредот – тој е фабрички калибриран, модел кон кој стремат и се создаваат скоро сите нови CGM системи.
Брзиот развој на технологијата им овоможува на лицата со дијабетес безболен и подобар начин за следење на нивото на шеќер во крвта. Од едноставниот, но тогаш револуционерен Dextrostix користен во 1970-тите, денес постојат огромен број уреди за мониторинг на гликоза кој преку апликации креирани за оваа намена, овозможуваат со предностите кои ги нудат паметни телефони, супер технологија за следење на шеќерот во крвта и навистина го прикажува најдоброто од иновациите во секторот на науката за животот.
Новите методи на CGM им овозможуваат на пациентите да живеат слободно без дополнителна грижа за постојано проверување на шеќерот. Како што технологијата станува подобра и алгоритмите во софтверот стануваат уште пософистицирани, лицата со дијабетес може да очекуваат иднината на следењето на гликозата да биде уште поиновативна и уште помалку незгодна, фокусирајќи се на подобрување на секојдневниот живот.
Подготвил: Душко Јанев