Една држава е здрава и силна само доколку инвестира во јавниот здравствен сектор и истиот го одржува во кондиција, редовно и навремено да има терапија и третман за секого!
Нашата крајна цел е токму тоа, континуирано обезбедување на современа инсулинска и друга антидијабетична и таблетарна терапија и помагала за мерење на шеќер за сите пациенти во секое време!
Ќе бидеме сѐ погласни и нема да се откажеме! Ние немаме друга опција освен да Ве потсетуваме дека сме тука, дека не можеме да имаме разбирање за секој Ваш административен проблем и да Ви кажеме дека како граѓани на оваа држава Ве бираме Вас политичарите да ни го обезбедтите она што ни следува, во количина и во време кога имаме реална потреба од тоа.
Нас, од сега ќе не среќавате по правните процедури, можеби државата нема многу правда но ПАЦИЕНТИТЕ – Лица со Дијабетес на инсулин, битката ја пренесува со поведување на правна постпака за сите овие 9 месеци, во која ќе бараме Одговорност, Обештетување и сериозна промена на цел „дефектен систем“, нема да Ви допуштиме и понатаму со лажни “ветувања” и “информации” да купувате време кое за нас е скапоцено.
На крај би сакале да Ве потсетиме дека сите ние сме даночни обврзници и плаќачи на придонеси за задолжително социјално осигурување, средства од кои Вие како администрација која треба да биде во служба на граѓаните ги земате Вашите плати.
Линк до цело Јавно протестно писмо на Созујот на здруженија на дијабетичари на Македонија