Транзиција – премин од детска здравствена грижа во адултна грижа за дијабетес

doctor-examinating-teen-boy-soc

Со тек на развојот и созревањето, потребно е во одреден период децата да направат премин од детската здравствена грижа која им била примарно пружена од моментот на дијагностицирање на дијабетесот и во текот на детскиот развој во сегментот на здравствена грижа и третман на возрасни или млади лица со дијабетес. Таквиот премин во многу земји, па и кај нас, здравствените професионалци го карактеризираат како здравствена транзиција.

Овој премин може да звучи доста збунувачки за лицата со дијабетес, особено за адолесцентите, но, стекнувањето на сите потребни вештини за самостојно управување со дијабетесот ја наметнува потребата од истото. Со самата здравствена транзиција се наметнуваат и бројни прашања кои овој текст ќе се обиде да ги одговори.

Кога е потребно да се префрлам во здравствените услуги наменети за возрасни?

Ова прашање често се наметнува кај родителите, но, и кај самите деца со дијабетес. Не постои точно одредена возрасна граница кога би требало да се направи премин од здравствената грижа од детската област во возрасните. Формално-правно гледано кај нас, децата со дијабетес од Клиниката за детски болести транзиција кон Едно-адултни, имаат право да направат по наполнети 14 години. Но, возраста на вашиот премин зависи од неколку фактори како што се местото на живеење, достапноста на локалните здравствени услуги, вашата подготвеност, како и подготвеноста и препораките на тимот кој ја води грижата за вас до сега.

Важно е пред да ја направите промената да разговарате и дополнително да се информирате со сегашниот здравствен тим кој се грижи за вас. Овој чекор е особено важен доколку сè уште не сте толку сигурни во промената.

Што е различно во третманот во клиниките за возрасни?

Има неколку работи кои ќе бидат различни кога ќе започнете во клиниката за возрасни. Најголемата промена што може да ја забележите е дека вашиот нов здравствен тим ќе започне директно да разговара со вас – не со вашите родители – за вашиот дијабетес, грижата што ја добивате и различните третмани.

Навикнувањето на грижата за возрасни може да ви одземе некое време, што е нормално. Други промени кои може да ги забележите се:

  • Времето, локацијата и бројот на прегледи и консултации што ги имате на годишно ниво;
  • Медицинскиот тим: лекарите, медицинските сестри и персоналот за прием;
  • Вашите здравствени цели, како што е вашиот HbA1c, може да се променат;
  • Ќе има мешавина од луѓе во амбулантите и болницата и некои може да имаат компликации од дијабетес во зависност од нивната досегашна контрола и менаџирање на состојбата;
  • Вашиот итен контакт за помош помеѓу контролните прегледи. А сето ова се разбира ќе го прецизирате со новиот тим во клиниката за третман на возрасни со дијабетес.

Како треба да изгледа мојата транзиција?

Секој што ви помага да се грижите за вашиот дијабетес треба да работи заедно со вас, за да бидете сигурни дека ја имате најдобрата можна поддршка. Ова не треба да се промени кога ќе го направите преминот во третманот за возрасни лица.

Навистина е важно кога ќе направите премин во здравствената грижа за возрасни, вашиот нов и сегашен тим за дијабетес да ве третира како поединец. Ова значи дека тие треба да се погрижат вашите потреби да бидат исполнети и дека тие можат да бидат флексибилни во рамки на можностите и капацитетите на здравствениот систем.

Не плашете се да побарате помош од вашиот нов тим доколку ви треба. Тие се таму за да ви помогнат за заеднички да најдете начин како успешно и надградливо да го менаџирате дијабетесот.

Да имате поголема самостојна контрола над дијабетесот може да биде тешко и предизвикувачки, особено ако родителите биле вклучени со директна помош претходно. Сепак, преземањето на оваа одговорност не значи дека треба да го правите тоа без помош од вашите родители или пријатели, па затоа е нормално ако сè уште ви треба нивната поддршка.

Подготовка за транзиција во Клиника за ендокринологија за возрасни

Грижата за вашиот и секој друг дијабетес e баланс и варира од личност до личност бидејќи никој не е ист и нема исти животни навики, потреби и потешкотии.

Размислете и секогаш разговарајте со родителите за несигурностите и нејаснотиите во менаџирањето на дијабетесот и откријте дали има нешто што навистина не го разбирате. Ова можат да бидат теми од сите области, како броење јаглехидрати или самостојни корекции на дози инсулин. Откако ќе ги дознаете работите за кои не сте сигурни, разгледајте ги и останатите прашања и теми кои ви предизвикуваат несигурност и дилеми и со вашиот здравствен тим.

И за самиот крај, запомнете дека преминот во грижа за возрасни не значи дека не можете да добиете помош од родителите или пријателите. Можете да ги вклучите во вашите прегледи и консултации, третмани со вас како и претходно до сега.

Подготвил: Душко Јанев

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email
Категории

Betlabel blik kasyno Fast Payout https://casinos-blik.pl/ https://crypto-casinos.com.pl janusz casino no deposit bonus janusz kasyno kasyno depozyt 5 zł paypal kasyno depozyt 20 zł blik kasyno z paypal krypto kasyna mystake italia Online Payments paypal casino paypal kasyno vincispin Инсулински пенкала Ментално здравје вести деца психолошка подршка дружење физичка активнос дијабетес дијабетес тип 1 едукација искуства исхрана новитети психолошка поддршка спорт тип 1 тип 2